Фотографија и рецепт на Марина Трајковска. Потребни состојки: 5 шолји газирана вода, 5 шолји пченкарно брашно, 3 шолји масло, 3 шолји гриз, 1 лажичка цимет, 1 кесичка суво грозје, 100 г сечкани ореви + за наросување одозгора, 1 прашок за печиво и 1 ванилин шеќер

За шербет: 250 мл вода, 250 г шеќер и 1 ванилин шеќер. Постапка: Сите состојки се мешаат во една поголема вангла и се матат со маталка додека да се изедначи смесата и да биде без грутчиња.

Се излева во намастен плех со средна величина (бр.32) и се пече на 200 степени. Се проверува со чепкалка дали е печено.

Посен колач со гриз и ореви (Фото и рецепт Марина Трајковска)

Кога е готов печен колачот се вади од рерна и се остава да се излади (се проверува со чепкалка дали е печен – ако чепкалката излезе сува, тогаш колачот е готов), а потоа се сече на коцки. Потоа се вари шербетот и се прелива изладениот колач. Значи, колачот ладен, шербетот топол.

Посен колач со гриз и ореви (Фото и рецепт Марина Трајковска)

Кога ќе биде впиен шербетот, колачот одозгора се премачкува со вашиот омилен џем или мармалад во тенок слој преку целата површина и се наросува со мелени или крупно сечкани ореви. Може да наросите и кокос, мелени посни кекси или некое друго јаткасто овошје.

Посен колач со гриз и ореви (Фото и рецепт Марина Трајковска)

Посен колач со гриз и ореви (Фото и рецепт Марина Трајковска)