Посна торта со алва за Велигденскиот пост
Оваа едноставна и вкусна посна торта со алва е совршен избор за сите љубители на слатки кои бараат брз и лесен десерт без многу компликации, пишува НМД.
Идеална за велигденските пости, оваа торта со својата комбинација од алва и посен шлаг ќе ве освои со првиот залак!
Потребни состојки:
– За тортата:
– 500 г посен шлаг
– 350-400 мл газирана вода
– 500 г посен мелен кекс
– 400 г алва
– Сок од портокал (за натопување на кексот)
– 8 парчиња посен кекс
– За украсување:
– 200 г посен шлаг
– 200 мл газирана вода
– НМД
Корисни алатки:
Огноотпорни ракавици и силиконски кујнски алат, цена ОВДЕ. Силиконска шпатула, цена ОВДЕ. Нелепливи калапи за печење леб, цена ОВДЕ. Метално тенџере со капак, голем капацитет, цена ОВДЕ.
Кујнски крпи, цена ОВДЕ. Садови со капаци во разна големина, цена ОВДЕ. Нелепливи 3 силикони, цена ОВДЕ. Кутија за колачи, цена ОВДЕ. Жица за матење, цена ОВДЕ. Нож за сечење леб, цена ОВДЕ.
Постапка:
Во сад изматете го посниот шлаг со газираната вода додека да добиете цврста смеса. Издробете ја алвата со виљушка, па додајте ја во шлагот и добро измешајте.
Постепено додавајте го мелениот кекс и мешајте додека смесата да стане компактна. Обложете плех со димензии 30×11 см со фолија и истурете ја подготвената смеса во него.
Израмнете ја површината. Натопете ги целите посни кекси во сок од портокал и наредете ги врз смесата.
Покријте ја тортата со фолија и оставете ја во фрижидер да се излади и стегне неколку часа. За украсување, изматете 200 г посен шлаг со 200 мл газирана вода.
Извадете ја тортата од плехот, превртете ја на тацна и отстранете ја фолијата. Премачкајте ја тортата со подготвениот шлаг за украсување.
Исечете ја тортата на парчиња и уживајте во вкусот! Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: