Прекрасна посна шарена салата која ја обожаваме одлично оди со риба и месо. Прекрасна комбинација од различен зеленчук и прекрасен вкус. Ви предлагам да ја направите оваа салата и да уживате во посните денови со неа.




Потребни состојки за посна шарена салата: 500 г компири, 3-моркови, 400 г слатка пченка, 2-3 главици кромид, 2-3 млади кромитчиња, малку магдонос, оцет, сол и црн пипер.




Постапка: „Здраво, јас сум Сања, а денес подготвуваме многу вкусна салата која е посна, со компири како главна состојка. Јас ја правам на еден мој начин кој ќе ви го покажам во продолжение.“




„Денес нема да подготвуваме класична посна салата со компири и кромид како што ја знаат повеќето. Јас додавам уште неколку состојки како моркови и пченка кои даваат неверојатен вкус на салатата. Најпрво ќе ги ставиме компирите да се варат сосе лушпа во тенџере со вода.




Исто така можете и да ја посолите водата. Во друго тенџере ги ставате излупените моркови и тие ги ставате на рингла да се варат. На морковите им треба малку време додека да се сварат така да постепено проверувајте ги.




Јас најпрво ги варам компирите, а потоа ги лупам и ги сечам на кругови бидејќи така ми е полесно, но може и прво да ги излупите, тоа не прави никаква разлика. Додека се варат исечкајте ги главиците кромид на тенки полупрстени.




Исечкајте ги тенко и младите кромитчиња кои ќе дадат различна боја на салатата. Кога компирите ќе се сварат се оставаат да се оладат за да може полесно да се исечат на кругови. Ги сечете на тенки кругови и не се грижете ако некое парче ви се скрши.




Ставете малку компири, потоа сечкани моркови, додајте малку од кромитчињата и ставете масло, сол и црн пипер. Потоа ставате втор ред од истите состојки и така сè додека да ги потрошите состојките и си зачинувате по вкус и додавате оцет.




На крајот ја варите и пченката и ја додавате, па ја мешате во салатата. Пченката дава особено богат вкус и целосно го менува вкусот на салата. Оваа салата посебно се разликува од класичната со кромид и варен компир која сите најчесто ја правиме со риба.




Јас постојано ја подготвувам вака салатата, а рибата ја печам во ер фрајер-апарат на топол воздух, околу 12 минути. Сè на сè ручекот е готов за половина час. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.