Перфектен сооднос на состојките, лесна и едноставна подготовка – ќе уживате во секој залак!
Потребни состојки:
8 јаболка
160 г овесни снегулки
150 г шеќер (или засладувач по ваш избор)
3 лажици сок од лимон
1 лажичка цимет
210 г брашно
200-250 г маргарин
Постапка:
Јаболката убави измијте ги, излупете ги и исчистете ги од семките, па изрендајте ги и помешајте ги со лимоновиот сок.
Во еден сад истурете ги сите суви состојки и убаво промешајте ги за да се изедначат. Дното на тркалезен калап за торти обложете го со хартија за печење.
Изрендајте малку путер на дното. Наросете 3-4 лажици од сувите состојки. Рамномерно распоредете и притиснете со лажицата.
Потоа рамномерно распоредете една третина од ренданите јаболка. Наросете суви состојки и повторете ја постапката додека да се потрошат сите состојки. Горниот слој треба да се заврши со овесниот микс.
Преостанатиот путер изрендајте го и одозгора наросете 2-3 лажици шеќер. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 35-40 минути.
Деталите околу постапката можете да ги погледнете во видеото: