Рецептот за оваа прекрасна торта беше објавен од нашата драга членка Светлана Карапетровска во нашата и ваша група НМД рецепти. Фотографија и рецепт на Светлана Карапетровска Македонска
Потребни состојки: 500 г шеќер, 500 мл газирана вода, 250 мл масло, 3 лажици мед, 500 г брашно, 20 лажици мелени ореви, 1 лажица какао, 1 прашок за печиво и 1/3 мала лажичка сода бикарбона.
За фил: 1,4 литар сок од портокал, 4 пудинг од ванила, 20 лажици шеќер и 250 г посен маргарин
И уште: 500 г посен шлаг изматен со газирана вода, 400 г малини, 1 конзерва праски.
Постапка: Се мешаат 500 мл газирана вода и 250 мл масло, па се додава 500 г шеќер и 3 лажици мед. Се меша додека да се растворат шеќерот и медот (на ладно, не треба да се загрева).
Во друг сад се мешаат сувите состојки: 500 г брашно, 20 лажици мелени ореви, 1 лажица какао, 1 прашок за печиво и 1/3 мала лажичка сода бикарбона.
Во сувите состојки постепено се додава течноста и се мати со миксер. Смесата се дели на 4 еднакви делови, односно се печат четири кори во плех обложен со хартија на 200 степени, 10 минути.
За фил: Во малку сок од портокал се меша прашокот од пудинзите, а остатокот со шеќерот се става на оган да зоврие. Се вари исто како пудинг со постојано мешање додека да згусне.
Се остава на страна, па кога ќе излади се додава пенасто изматениот маргарин и се соединуваат.
Се матат 500 г посен шлаг со газирана вода, а за овошје може да се користи по желба. Јас користев 400 г малини и една конзерва праски.
Редоследот на филување: кора – фил од ванила-малина-шлаг, повторно кора-фил од ванила-праска-шлаг, кора-фил од ванила-малина-шлаг и последната кора – фил од пудинг-праска-шлаг. Се декорира по желба со шлаг.
Фото и рецепт: Светлана Карапетровска Македонска