ПОСНА НУГАТ ТОРТА…Со одличен вкус, преубава…Перфектна за претстојните празници…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За 1 кора, а потребни се три, за калап 20х30 см:
50 г мелени лешници
50 г посни мелени бисквити
50 г брашно
60 г шеќер
1 ванилин шеќер
5 г прашок за печиво
2 лажици масло
2 лажици џем од кајсија
100 мл вода
За фил:
1 литар соино млеко или вода
200 г шеќер
3 кесички пудинг од ванила (3х40 г)
100 г бело чоколадо
100 г црно чоколадо
100 г маргарин
150 г мелени бисквити
150 г мелени лешници
ПОСТАПКА:
За кора: измешајте ги сите состојки во подлабок сад, може и со миксер ако ви е полесно. Смесата сипете ја во намастен и набрашнет калап 20х30 см и печете 18 минути во загреана рерна на 200 степени. Испечете 3 вакви кори.
За фил: Во малку млеко растворете ги пудинзите, а остатокот од млекото (водата) со шеќерот ставете да зоврие. Дотоа додајте го пудингот и мешајте додека да згусне. Поделете го на два дела, па во еднит ставете бело, а во другиот црно чоколадо.
Измешајте за да се растопат и соединат, па кога ќе се олади во секој дел додајте по 50 г маргарин и соединете со миксер, а потоа додајте по 50 г мелени бисквити и лешници.
При филувањето малку натопувајте ги корите со сок/ растително млеко или сируп за да бидат посочни. Декорирајте со посен шлаг. Рецепт на Марија Јовановиќ ОВДЕ:
https://www.instagram.com/reel/DDekC8nC0Nv/?igsh=MnZhYzhzNDQzZ3Zt