ПОСНА ЛЕШНИК ТОРТА: Кога ќе ја пробате ќе стане вашиот нов омилен десерт! Испробајте го рецептот на Бојана, многумина ги воодушеви вкусот…

Овој колач со лешници е посен, но ќе ве воодушеви неговиот вкус. Лесно се прави, но верувајте ми, штом ќе го пробате, ќе ви стане еден од омилените. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За бисквит:
150 г маргарин со малку маснотии
120 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
12 лажици брашно – меко тип 400
1/2 лесичка прашок за печиво – 5 гр
150 г газирана вода
се пече на 180 C 20 мин

За фил:
2 кесички пудинг од ванила – 80 г
700 мл сок од портокал
1 кесичка ванилин шеќер
250 г посен маргарин
100 г шеќер во прав
200 г печени лешници
Оваа торта треба да се стави во фрижидер 1 ден за да омекне бисквитот.

ПОСТАПКА:

Пенасто изматете го омекнатиот маргарин со шеќер и ванила. Шеќерот додавајте го постепено додека непрекинато матите со миксерот. Брашното помешајте го со прашокот за печиво, па лажица по лажица додајте половина од количината во маргаринот кој сè уште се мати со миксер.

Потоа додајте ја газираната вода на собна температура. Кога убаво ќе се соедини смесата, дури тогаш додајте ја преостанатата количина од брашно. Продолжете со матење додека убаво да се изедначи.

Добиената смеса е мека и кремаста. Истресете ја врз плех од рерна обложен со хартија за печење, па распоредете ја рамномерно преку цела површина и израмнете. Печете во загреана рерна на 180 степени, 20 минути.

За тоа време во тенџере сипете 500 мл сок од портокал, а во 200 мл разматете го пудингот. Сварете го исто како и секој пудинг, односно, кога ќе се загрее доволно полека сипете ја смесата и мешајте непрекинато додека да згусне.

Пред крајот додајте една кесичка ванилин шеќер и мешајте додека да се растопи. Сварениот пудинг оставете го настрана да се лади.

Испечената кора превртете ја врз друг лист хартија и веднаш отстранете ја хартијата врз која се печеше, зашто додека е топла таа уште е мека, но кога ќе се олади ќе стане крута и ронлива.

Па, отсечете ги страните за да бидат рамни. Кората исечете ја на три еднакви дела. Направете го ова побрзо.

Пенасто изматете го омекнатиот маргарин со шеќерот во прав, па соединете го со оладениот пудинг. На крајот додајте 200 г мелени лешници и уште малку изматете за да се изедначи.

ФИЛУВАЊЕ: Кора, фил, кора, фил, кора, фил и обложете со фил од страните. Декорирајте и оставете ја тортата да се лади во фрижидер преку цела ноќ или цел ден. Деталите од постапката погледнете ги во видеото на Бојана ОВДЕ.