ПОСНА БАЈАДЕРА ВО 4 СЛОЈА…Многу лесно и брзо се подготвува, а според вкусеот е една од најдобрите…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За основна смеса:
300 г шеќер
150 г вода
250 г посен маргарин
20 г соино млеко во прав
250 г мелени посни бисквити
300 г мелени ореви
И уште:
100 г црно чоколадо
100 г бело посно чоколадо
кеси за замрзнувач 20х28 см.
За глазура растопете:
150 г црно чоколадо
30 г масло
20 г маргарин
ПОСТАПКА:
Ставете да зоврие водата со шеќерот, па намалете и додајте го маргаринот, а потоа соиното млеко во прав и изедначете. Сипете ги мелените бисквити и измешајте, а на крај мелените ореви, изедначете и смесата поделете ја на два дела.
Во првиот дел додајте го црното, а во вториот белото чоколадо и мешајте да се растопи и соедини. Почекајте 5 минути, па повторно промешајте. Почекајте 30 минути за да се подизладат смесите.
За 4 слоја, поделете ги смесите декоја на половина и наполнете ги кесите, со селотејп затворете ги отворите и на рамна површина прво со дланката, а потоа и со оклагија рамномерна распоредете ја смесата за да добиете рамни кори.
Оставете ги 1 час во фрижидер, па кесите исечете ги од 3-те страни и внимателно наредете ги една врз друга кора. Првата (кафеава) кора посипете ја со мелени бисквити за да не се лепи врз десертната тацна.
Редете наизменично темна и светка кора, а спуштајте ги со помош на кесите, па дури потоа отстранувајте ги. Притиснете одозгора за да се залепат и поклопете ги со пластична фолија за да не се суши.
Потиснете ја со нешто одозгора и оставете ја 1 час на собна температура, па одозгора премачкјате ја глазурата. Декорирајте со бело чоколадо и направете шари. Оставете да се стегне пред сечењето. Постапката погледнете ја ОВДЕ: