После оваа торта знам што значи „сочно“: вкусно, брзо и едноставно, со мерки на чаша, 20 минути време

Оваа чоколадна торта едноставно ќе ја обожавате. Откога го најдов рецептот, едноставно сум заглавена со него и не би го менувала за друг. Децата најмногу ја сакаат и едноставно уживаат во секој залак. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чаша брашно, 1/3 чаша какао, 1 чаша шеќер, 1/2 лажичка сол, 1 мала лажичка прашок за печиво, 1 мала лажичка сода бикарбона, 2 големи јајца, 1/2 чаша полномасно млеко, 1/4 чаша масло, 1 голема лажица екстракт од ванила.




И УШТЕ: 1/2 до 1 мала лажичка инстант кафе (може Нескафе), 1/2 чаша зовриена вода, 1 голема лажица бел оцет. ЗА ФИЛОТ: 250 мл млеко, 1/2 чаша шеќер, 1/4 чаша какао , 1 голема лажица брашно, 40 г несолен путер.




ПОСТАПКА: за подготовка на кората во еден сад се соединуваат сите суви состојки, па потоа се додаваат течните, сè се меша и се става на печење. Во еден сад просејте го брашното заедно со какаото. Промешајте со шпатула, па додајте го шеќерот, солта, прашокот за печиво и сода бикарбоната.




Измешајте ги состојките со шпатула и на средина направете вдлабнатина каде што треба да ги додавате следниве состојки по овој редослед. Ставете ги двете јајца, а потоа прелијте со млекото. Измешајте па додајте го маслото и екстрактот од ванила.




Измешајте ги повторно сите состојки, најдобро со миксер на најлесна брзина, па во смесата додајте претходно направено инстант кафе со зовриена вода и 1 голема лажица бел оцет. Измешајте во еднолична, течна, чоколадна смеса.




Во плех обложен со хартија за печење излејте ја смесата и рамномерно распоредете ја и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 175 степени, околу 40 минути. По печењето кората се остава малку да се олади, па се сечат краевите, а потоа кората се дели на 4 еднакви делови.




На средина по должина се сече на половина, а потоа на половина по ширина за да добиете 4 еднакви кори. ПОДГОТОВКА НА ФИЛОТ: млекото ставете да зоврие, а потоа во него додајте го шеќерот, какаото и 1 лажица брашно. Измешајте и почекајте да згусне.




Мешајте постојано за смесата да биде без грутки, а потоа тргнете од оган и додајте го несолениот путер. Мешајте додека да се растопи. Редење на тортата: кора, фил, кора, фил и така 4 пати додека да го потрошите материјалот.




Врз последната кора се премачкува целата торта со филот. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаВнуката го откри рецептот на баба и за холестерол и притисок: Се пие по 1 лажичка
Следна статијаПОСНИ ПЛЕСКАВИЦИ И ЌЕБАПИ (Без соја): Толку се вкусни и здрави, јадеме цел куп и кога не се пости