Home Рецепти После оваа нема да правите ниедна друга – Пилешка чорба која сите...

После оваа нема да правите ниедна друга – Пилешка чорба која сите ја сакаат

Вкусна и здрава пилешка чорбичка, која сите ја сакаат. Идеалната работа кај чорбите е тоа што следниот ден се уште повкусни.

Процесот на подготовка можете малку да го забрзате доколку наместо сечкање на свеж компир и морков, користите смрзната мешавина од зеленчук за Руска салата.

Потребни состојки: 500 г бело месо, 1 главица кромид, 1 морков, ½ пашканат, 2 компири, 250 г грашок, 2-3 лажички сол или по вкус, масло, црн пипер, сув зачин, 1,5 топла вода, 1 јајце, 3 лажици кисела павлака, 1 лажичка сенф, 1 лажица брашно и магдонос по вкус

Постапка: Кромидот ситно исечкајте го, морковот и пашканатот исечкајте ги на тркалца, а компирот на коцки. Белото месо, исто така исечкајте на коцки.

Во поголемо тенџере на малку загреано масло запржете го сечканиот кромид и посолете. Додадете ги морковот и пашканат, па пржете уште некоја минута, па додадете го месото.

Зачинете со сув зачин и продинстајте го месото со зеленчукот додека да се запржи. Мешајте постојано за да не загори. Намалете го огнот, поклопете и динстајте уште 5 минути за да омекне. Потоа додадете ги компирите и промешајте, 250 г грашок и повторно поклопете и оставете да се динста 5 минути.

Во тенџерето додадете 1,5 литар топла вода и промешајте. Оставете да крчка со полуотворен капак, но бидете покрај тенџерето зошто набрзо ќе започне да се создава пена која треба да се тргне.

<

Откако ќе ја отстраните пената, гответе уште 40 минути на умерено-тивок оган со полуотворен капак.

На страна изматете едно јајце со виљушка, па додадете 3 лажици кисела павлака, 1 лажичка сенф и 1 лажица брашно. Промешајте убаво за да се изедначи.

Во смесата со јајцето додадете 1-2 кутлачи од течноста на чорбата и промешајте. На овој начин полека ќе се загрее смесата и нема да се свари во грутки, што би се случило доколку веднаш ја истурите во врелата течност. Вака разредената смеса полека додадете ја во чорбата и промешајте.

На крај додадете сол и црн пипер по ваш вкус. Зачинете со сечкан свеж магдонос по вкус. Постапката можете да ја погледнете во видеото: