ПОСЕН ОВОШЕН КОЛАЧ НА ВОДА…Многу е вкусен и здрав, секој посега по уште едно парче…

Колачот е многу вкусен, па и оние кои не постат ќе уживаат во него… Рецепт и фото на Верица Николиќ. Еве што ви е потребно:

ПОСЕН ОВОШЕН КОЛАЧ / Рецепт и фото на Верица Николиќ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

50 г шеќер
3 лажици џем од кајсии
100 г мелени бадеми
100 г суво грозје
100 г урми
260 мл млака вода
70 мл свежо исцеден сок од портокал
1 лажичка рендана кора од портокал
250 г брашно
1/2 лажичка прашок за печиво
1 лажичка сода бикарбона
1/2 лажичка цимет

И уште:

3 лажици џем од кајсии
50 г мелени бадеми

ПОСТАПКА:

1. Калапот за торта (22 – 24 см) обложете го со хартија за печење и оставете го настрана. Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени.

Урмите исчистете ги од семките (рецептот вклучува 100 г урми без семки) и исечете ги на коцки. Посипете ги со една лажичка брашно и измешајте да се одвојат, да не се лепат една за друга. Истресете го вишокот брашно.

2. Во сад за матење ставете ги шеќерот, мелените бадеми, сувото грозје и урмите и измешајте. Додајте џем од кајсии (или џем по желба), млака вода, сок и рендана кора од портокал.

Сè убаво измешајте со лажица. На крајот додајте смеса од брашно, прашок за печиво, сода бикарбона и цимет.

Сè убаво измешајте за да нема грутчиња од брашното. Истурете ја смесата во подготвениот калап и печете 25 минути.

Потоа извадете го колачот и премачкајте го со три лажици џем од кајсии (или џем по избор) и посипете со мелени бадеми. Вратете во рерна и печете уште пет минути.

3. Печениот колач (пробајте со чепкалка) заедно со хартијата за печење префрлете го на жица да се излади.

Додека е уште топол, полека одвојте ги страните на питата од хартијата, а кога ќе се олади извадете го долниот дел од хартијата. Потоа префрлете го во чинија за сервирање. Рецепт и фото на Верица Николиќ.

ПОСЕН ОВОШЕН КОЛАЧ / Рецепт и фото на Верица Николиќ