ПОСЕН КОЛАЧ СО ВИШНИ…Многу сочен, вкусен и неодоливо мирисен…Рецептот е брз и едноставен, со мерки „на чаша“…Рецепт и фотографии на Верица Николиќ. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 чаши брашно
1 чаша шеќер
1 лажичка сода бикарбона
3 супени лажици џем од кајсии
5 супени лажици масло
5 супени лажици мелени лешници/ореви/бадеми
350 мл газирана вода
300 г смрзнати вишни
И уште е потребно:
џем од кајсии
мелени лешници/ореви/бадеми
ПОСТАПКА:
1.Смрзнатите вишни оставете ги да се одмрзнат, па на цедалка да се исцедат. Плех со големина 20х30 см обложете го со хартија. Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени.
2.Во подлабок сад ставете брашно, шеќер и сода бикарбона, па промешајте. Додајте џем, масло, мелени лешници и сипете газирана вода.
3.Со жица за матење добро соединете ги сите состојки. Сипете го тестото во подготвениот плех, одозгора распоредете ги исцедените вишни и ставете да се пече 25-30 минути (проверете со чепкалка).
4.Печениот колач оставете го да се лади 5 минути па премачкјате го во тенок слој со џем од кајсии и посипете го со мелени лешници. Кога целосно ќе се олади, колачот исечете го на коцки и послужете. / Рецепт и фотографии на Верица Николиќ