ПОСЕН КОЛАЧ…ЧОКО-ОРАНЖ И ЧОКО-МАК со готови РОЗЕН кори…СОВРШЕН РЕЦЕПТ за секаков повод, за секој ден…Рецепт и фотографија на Соња Кнезевиќ. Еве што ви е потребно:

Рецепт и фото на Соња Кнезевиќ

ЧОКО-ОРАНЖ РОЗЕН КОЛАЧ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 г шеќер
300 мл вода
250 г маргарин
250 г чоколадо за готвење
200 г мелени посни бисквити
200 г мелени ореви
2 портокали
2 лажици масло
1 пакување розен кори

ПОСТАПКА:

1.Оревите и бисквитите сомелете ги. Портокалите претходно смрзнати (една без а другата сосе кора) изрендајте ги на најситниот отвор.

2.Сварете шеќер со вода, нека вари 3-5 минути. Тргнете од оган и во врелиот шербет додајте го маргаринот и 150 г чоколадо, па мешајте додека сето да се растопи и соедини.

3.Кога малку ќе подизлади додајте ги бисквитите, оревите и портокалите. Изедначете.

4.Со млакиот фил мачкајте ги корите. Кога ќе се стегне и олади направете глазура од 100 г чоколадо за готвење и 2 лажици масло.

РОЗЕН СО МАК (рецепт на К.Гашпар) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 г мелен мак
250 г шеќер
400 мл обично или растително млеко
1 кесичка ванилин шеќер
200 г маргарин или путер
200 г мелени бисквити
1 пакување розен кори
за глазура: 200 г бело чоколадо + 75 мл слатка павлака

ПОСТАПКА:

1.Во тенџере соединете млеко, мак и шеќер, па варете неколку минути од моментот на вриење. Тргнете од оган и додајте маргарин и ванилин шеќер. Мешајте додека да се соедини, па додајте го мелениот кекс.

2.Филувајте ги корите (според оригиналниот рецепт 4 полни лажици на секоја кора).

3.Кога колачот ќе се олади и стегне, прелијте го со глазура. Павлаката додавате ја постепено, зашто можеби нема да ви биде потребна целата количина. / Рецепт и фотографија на Соња Кнезевиќ.

Рецепт и фото на Соња Кнезевиќ