Посен колач без јајца и млеко…Од сите испробани, овој ми е највкусен, запишете cи го овој рецепт…Многу им се допадна на сите што го пробаа…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
400 г брашно
200 г шеќер
1 мала лажичка сода бикарбона
1 лажица зачин за медени колачи
1 лажица какао во прав
2 лажици мед
3 лажици џем (од праска или кајсија)
60 мл масло
400 мл газирана вода
За фил помешајте:
7 лажици џем
100 г рендано чоколадо за готвење
За глазура растопете:
200 г црно чоколадо
90 г маргарин
3 лажици масло
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад помешајте брашно, какао, зачин за медени колачи, сода бикарбона и шеќер. Додајте мед, џем, масло и газирана вода. Соединете во мазна смеса без грутчиња.
Половина од смесата сипете во калап 30х22 обложен со хартија (или намастен) и печете 12 минути во загреана рерна на 180 степени.
Врз потпечената кора распоредете го филот, а преку него вториот дел од тестото. Вратете во рерна да се допече колачот уште 25 минути на истата температура. Кога малку ќе подизлади одозгора сипете ја глазурата.
Оставете го колачот да се олади најдобро преку цела ноќ. Постапката погледнете ја ОВДЕ: