Ако имате компири и брашно, не пропуштајте го овој рецепт и испробајте го. Ова се еден вид њоки чиј рецепт потекнува од Италија, но набрзо се проширил низ сиот свет, не само поради одличниот вкус и податливоста кон различни видови сосови, туку и поради неговата економичност.




Во сварениот компир може да се додава обично брашно или мешавина од палента или гриз, како и некои други зачини, а ние ќе ви го претставиме наједноставниот рецепт од сите. Самите њоки како такви се посни, бидејќи се приготвуваат само од компири и брашно, па доколку ги послужите со посен доматен сос, на пример, ќе имате целосно посно јадење.




Може да ги наросите со рендан пармезан или да ги послужите со пржена сланина и кромид, во комбинација со вкусен сос од павлака, како што ќе ви презентираме во овој рецепт. Исто така, овие њоки можете да ги ставате во супи и разни чорби. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 компири (500-600 г), 3 литри вода, 1 супена лажица сол, 1 мала лажичка сол, околу 100 г брашно. И УШТЕ: 1 главица кромид, 200 г ситно сечкана сланина, околу 100 г кисела павлака, 2-3 чешниња лук, 1 лажица сечкан копар




ПОСТАПКА: Измијте ги компирите под млаз ладна вода, излупете ги, измијте ги уште еднаш и исечкајте ги на коцки со приближно еднаква големина за да можат рамномерно да се сварат. Ставете ги во врела вода и варете ги додека да омекнат.




Вадете ги со решеткаста лажица, па испасирајте ги додека да добиете мазно пире. Посолете со една лажичка сол, промешајте и оставете да се олади. Потоа израмнете го пирето во садот и визуелно поделете го на четвртини. испразнете една четвртина и надополнете со брашно. приближно ваков е соодносот на компир пирето и брашното, а во овој случај ни беа потребни околу 100 г брашно.




Добро измешајте најпрво со лажица, а потоа и со рака додека да добиете компактно тесто. Ова тесто мора да се меси околу 5-8 минути додека да ја добие потребната мекост и еластичност. Потоа завиткајте го во стреч-проѕирна фолија или кеса и оставете го на ладење во фрижидер околу 10-15 минути.




За тоа време пригответе го филот, во случајот пржен кромид со сланина. најпрво исечкајте ја сланината на коцки и запржете ја во сува тава, а кога ќе се стопи caлото додајте го сечканиот кромид, па заедно пропржете уште неколку минути додека да се карамелизира.

Во посебен сад измешајте кисела павлака, ситно изрендано лукче по вкус и ситно сечкан свеж копар, па вашиот прилог е готов. Тргнете на страна додека ги правите њоките.




Тестото истресете го на малку набрашнета работна површина, и развлечете го во кора. Сечете ленти со дебелина од околу 2 см, а потоа валајте ги додека да добиете тенки валјаци со дебелина на прст. сечете мали парчиња, одозгора притиснете ги со прст за да добиете „паричка“.

Во големо тенџере зовријте три литри вода со една супена лажица сол. Спуштете ги њоките, а кога тие ќе испливаат (за неколку минути) вадете ги со решеткаста лажица. можете веднаш да ги послужите со подготвениот гарнир (или по вкус). Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.