Помешајте банана со кафе, ќе бидете воодушевени од резултатот, многу вкусно. Рецепт на Вкусна Минута. Вкусен десерт кој се подготвува многу едноставно, во продолжение проследете го рецептот:




Потребни состојки: 3 банани, 1 супена лажица инстант кафе (нескафе), 2 јајца, 1,5 чаша млеко (300 мл), 2 чаши брашно (240 г), 1 кесичка прашок за печиво, 3 супени лажици шеќер. И уште: 2 кесички пудинг од ванила, млеко / вода по потреба, 200 г путер.




Постапка: излупете ги бананите и исечете ги на помали кругови, па ставете ги во подлабок сад. Додајте 3 лажици инстант кафе и 2 јајца, па испасирајте ги со рачен миксер. Доколку немате рачен миксер, истото може да го направите и во блендер.




Испасирајте сè убаво додека да добиете фина, мазна смеса без поголеми делчиња од бананата. Потоа додајте го млекото, промешајте со рачна маталка, па започнете постепено да го додавате брашното, просеано низ сито.




Додајте мала количина на брашно, па измешајте ја смесата со рачна маталка, потоа уште малку и сè така додека да ја потрошите смесата. Важно е брашното постепено да се додава за да не формираат грутки.




Додајте го шеќерот, прашокот за печиво и повторно сè измешајте. Ќе добиете светло кафеава смеса со средна конзистентност, нешто погуста од онаа за палачинки. На нелепливо тавче, со кутлача додајте 2-3 пати и распределете од смесата.




Во зависност од големината на тавчето, додајте онолку за смесата да го опфати целото тавче. Поклопете со капак и оставете да се пече 5 минути од едната страна, а потоа тргнете го капакот и свртете ја смесата на другата страна.




На втората страна оставете да се пече 3 минути, со капак, па потоа префрлајте на чинија. Вака печете ги и останатите палачинки се додека да ја потрошите смесата. Негде при крајот на печењето, можете да започнете со подготовка на пудингот.




Пудингот сварете го со млеко или вода, според инструкциите на кесичката, а потоа тргнете го настрана целосно да се олади. Со миксер изматете 200 г путер, пенасто, па во овој путер постепено додавајте ја изладената смеса со пудинг додека сè уште матите со миксерот.




Кога ќе ги испечете сите палачинки, земете една свртена на страната на која првично се печела и премачкајте ја со филот од ванила. Одозгора ставете ја и втората, и неа премачкајте ја со пудингот и така сè до последната. Последната палачинка се премачкува одозгора и по страните на целата торта.




Ова не се класични палачинки, подебели се и малку потсетуваат на американските палачинки, но во поедноставна верзија и поздрава варијанта. Тортата е многу вкусна, а декорацијата ја оставаме на вас. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.