ПОЛНЕТИ ТУРСКИ МЕКИЦИ: Повеќе не правам бурек, ова е многу полесно и повкусно! Прсти да излижеш…Рецептот ми го кажа турски готвач од реномирана пекарница, па оттогаш често го правам. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Компири 4 големи парчиња
Вода во која се варел компирот 200 мл
Шеќер 1 лажица
Сол 1 лажиче
Јајце 1
Сув квасец 12 г
Брашно 550-600 г
Масло 2 лажици

За фил (сите состојки добро соединете ги и формирајте 10 топчиња):
Мелено месо 500 г
Кромид 1 главица ситно исечкана
Сол и зачини по вкус
Зовриена вода 50 мл

Растително масло за пржење

ПОСТАПКА:

Компирите излупете ги, исечете ги на еднакви парчиња, залијте ги со две чаши вода и сварете ги. Кога ќе омекнат процедете ги, испасирајте ги, а потоа пирето разредете го со една чаша од топлата вода во која се вареа.

Додајте сол, шеќер и јајце, па промешајте и изедначете. Смесата треба да биде млака. Додајте го квасецот, промешајте, а потоа и брашното, на неколку наврати. Замесете го со рака. Треба да добиете компактно и меко тесто.

Полијте го со малку масло и кратко домесете го колку да се измазни. Оставете го покриено да стасува 40 минути или колку што е потребно за да го зголеми волуменот.

Потоа истресете го врз лесно намастена површина и без да го премесувате поделете го на два дела, а потоа секој дел на пет, така што да добиете вкупно десет парчиња.

Секое парче нежно обликувајте го и сплескајте го со прстите. Во средината ставете топче фил од мелено месо, а потоа затворете ја топката со тестото.

Потоа, на малку набрашнета површина нежно притиснете го секое топче додека да се истенчи како диск.

Вака обликуваните мекици покријте ги со кеса и оставете ги да одморат 10 минути. За тоа време во широка тава загрејте масло на ниско умерена температура, со длабочина од 1-1.5 см.

Спуштајте ги мекиците една по една и пржете ги од двете страни додека убаво да заруменат. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. Помеки и повкусни од овие мекици сигурно не сте јаделе!