Полнети пиперки со рендана зелка, многу вкусна зимница…Фото: Родна Трпеска / Рецепт: Лена Стојковска
Потребни состојки:
4 +- кг пиперки
3 кг зелка ситно рендана или дробена
2 литри вода
2 чаши шеќер
1 ½ чаша сол
750 мл алкохолна киселина
конзерванс
винобран
црн пипер во зрно
морков рендан
магдонос сечкан
Постапка:
Зелката и морковот се рендаат, се посолуваат, се мешаат, се остава да отстои два часа со повремено промешување.
За тоа време се мијат пиперките и се чистат од семките. Потоа се полнат убаво и се стегаат, па се редат во поголем сад, тегли или буре.
Се прелива со течноста: вода, киселина, сол, шеќер и винобран, претходно добро промешано да се растопи солта. Се става по желба сечкан магдонос и бибер во зрно. Добро затворете и оставете да преноќи.
Следниот ден ако бабурите впиле дел од течноста, дополнете ги теглите со остатокот од солилото, па добро затворете. За дегустација се готови отприлика за две седмици.