Ако имате мелено месо, тогаш можете да направите безброј различни јадења. Но, се чини како да се повторуваат истите: мусака, болоњезе со тестенини, ќофтиња, полнети пиперки…Еве еден одличен предлог за ново и интересно јадење кое се приготвува многу едноставно и брзо.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г мешано мелено месо, 1 средна главица кромид, 2 чешниња лук, 1 мала лажичка сол, 1/2 лажичка црн пипер, 1/2 лажичка зачински лут пипер (буковец), 1 лажичка црвен пипер во прав, 1 средна тиквичка, 1 домат, 1 рендан морков, малку сол и црн пипер, 2 јајца, 200 мл јогурт, малку масло за намстување на садот, 100 г кашкавал и малку сува мирудија/копар




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете го меленото месо и додајте ситно исечкана една главица кромид и две чешниња лукче. Зачините со половина лажичка црн пипер, една лажичка сол, малку буковец (ако не сакате луто, не додавајте) и една лажичка црвен пипер во прав.




Добро измешајте и соединете ги состојките. Можете да мешате со лажица, а уште подобро доколку смесата ја измесите со рака. Месото треба добро да ги впие сите зачини и да остане компактно. Тргнете го настрана додека го подготвувате зеленчукот.




Тиквичката добро измијте ја а потоа изрендајте ја на крупната страна од рендето. Посолете ја ренданата тиквичка со една лажичка сол, промешајте и оставете минута-две да отстои додека да ја испушти вишокот течност која треба да се процеди.




Во тиквичката додајте ситно сечкан домат и еден рендан морков. Зачинете со половина лажичка црн пипер и промешајте. Садот во кој ќе го печете јадењето намастете го (мојот е керамички сад со димензии 22х22 см).




На дното рамномерно распоредете ја мешавината од мелено месо и со лажицата израмнете. Преку месото рамномерно распоредете ја мешавината од рендан зеленчук. Израмнете и вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.




Во посебен сад со виљушка изматете три јајца, па додајте 200 мл јогурт. Промешајте да се изедначи, па прелијте преку зеленчукот. Со виљушката малку избоцкајте за да може да навлезе подлабоко, па одозгора наредете парчиња тенко исечен домат.




Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, половина час. Потоа извадете го јадењето накратко, наросете рендан кашкавал и вратете го во топлата рерна да се допече уште пет минути, колку да се растопи. Одозгора можете да наросите малку сув копар. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.