Брз и вкусен оброк кој сите го сакаат. Искористете го она што го имате во фрижидер, исечкајте, измешајте и испечете.

Потребни состојки: 2 чаши брашно, 1 чаша јогурт, ½ чаша масло, 3 јајца, 1 прашок за печиво, 1 лажичка сол, 200 г фета сирење, шунка или сланина по желба и црвена пиперка или ајвар – по желба.

Постапка: Јајцата изматете ги со масло и со јогурт. Можете да користите маталка, а можете да ги изматите и со виљушка. Додадете сол и просеано брашно, прашок за печиво, па смесата изматете ја за да се изедначи.

Сирењето издробете го, додадете го во тестото и промешајте. Шунката исечкајте ја на ситни коцкички, а може да додадете сланина или нешто друго по ваш избор. Добар вкус и мирис дава ситно исечкана црвена пиперка, на пример.

За да добиете портокалова боја, во тестото можете да ставите и некоја лажица ајвар. Полнете ги намастените калапи или корпички за мафини но не ги преполнувајте до врв, затоа што ќе пораснат при печењето. Печете ги во загреана рерна на 200 степени 20 минути.

Coolinarika.com