Бело пилешко месо околу 800 г исечете го на тенки шницли, а доколку не можете, замолете го месарот кога ќе купувате. Напомена: купувајте само квалитетно пилешко месо од проверено место!

Не го чукајте месото со чекан, бидејќи белото месо нема жилички кои би го направиле тврдо. Само лесно зачинете го, а од едната страна премачкајте го со сенф.

Потоа шницлата набрашнете ја, па потопете ја во изматени две јајца и на крај во мешавина од презла, вегета, пипер и малку пченкарно прашно.

Пжете во врело масло додека да зарумени коричката од едната страна, па од другата страна и потоа редете ги врз хартиена салветка за да се исцеди вишокот мрснотија.

Докоплку одбегнувате мрсно и пржено, шницлите редете ги во тавче обложено со хартија за печење и малку намастено, па ставете малку путерче врз секоја шницла.

Се служат со парче лимон кое се цеди непосредно пред јадење.

recepti.com