Потребни состојки:

1 тиквичка со средна величина (може и повеќе, секако…)

2 јајца

3 полни лажици кисела павлака

Брашно

Презла

Сусам

Сол

Хартија за печење

Масло или маст или путер

Постапка:

Тиквичките ги лупиме од кората и ги сечеме на тркалца со 4-5 мм дебелина. Ги псоолуваме и ги оставаме така малку да отстојат. За тоа време, приготвуваме 3 длабоки чинии. И потоа започнуваме по ред: во еден матиме јајца со кисела павлака, да биде средно густо.

Во втората чинија ставаме брашно, а во третата презла и сусам.

Откако ќе отстојат малку тиквичките, ги процедуваме од сокот што го испуштиле, па ги валкаме од двете страни во брашно, па потоа во јајцата со павлака и на крај во презлата со сусам.

Вака похуваните ги редиме во плех обложен со хартија за печење и малку ги попрскуваме со масло или ако користите маст или путер, ставете по малку помеѓу парчињата.

Печеме во загреана рерна на 200 степени додека да заруменат.

Кога се печени ги вадиме на чинија со хартиена салветка за да се впие и она малку маст што се задржало на нив.