Погачици од сирење: Се приготвуваат од само 3 состојки, а може да се прават во различни облици – превкусни

Фото и рецепт: Јелка Хиги

Многу вкусни ситни погачици од сирење, брзи и лесни за приготвување.

Потребни состојки:

Loading...

500 г свежо сирење (било какво)
400 г брашно
250 г путер

и уште:

1 јајце за премачкување
сусам за наросување
крупна сол за наросување по желба

Постапка:

Сирењето ставете го во еден подлабок сад и добро изгмечете го. Путерот на собна температура додадете го во сирењето исечено на ливчиња, па измиксајте ги заедно додека да се соединат.

На крај додадете го брашното и продолжете со миксање, а после и со месење додека да добиете мазно тесто.

Развлечете кора со дебелина од еден центиметар, па со мала чашка или калап во различни обличи, вадете ги формите и редете во плех обложен со хартија за печење.

Одозгора премачкајте ги со јајце и наросете ги со сусам и крупна сол. Ставете ги во загреана рерна на 180 степени, околу 20-тина минути.

Фото и рецепт: Јелка Хиги

Loading...