Подобри од рафаело: префини кокос колачиња со чоколадо

Ова се преубави кокос колачиња во комбинација со чоколадо, многу едноставни за приготвување. Имате два рецепти за приготвување.

РЕЦЕПТ 1

Потребни состојки:

340 г брашно
270 г путер или маргарин
200 г шеќер
150 г кокос
1 јајце
50 г чоколадо за готвење
1 лажица масло
малку шеќер во прав
малку бонбони или суво грозје за декорација

Постапка:

Замесете го тестото од брашно, шеќер, кокос, јајце и путер на собна температура.

Оставете го тестото убаво да се излади во фрижидер, најмалку половина час. Потоа од него вадете мали топчиња и редете ги во тепсија обложена со хартија за печење.

Со дршката од дрвена лажица втиснувајте мали дупчиња во средината, притоа внимавајќи да не ви распука топчето.

Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 10 минути, но мора да внимавате да не ви се препечат, треба да останат бели.

Печените колачиња наросете ги со шеќер во прав.

Чоколадото се растопува на тивко или на пареа со малку масло, и внимателно со шприц или лажице се полнат дупчињата и се декорира по желба. Можете да ги полните и со чоколаден крем.

Напомена: за да бидат исти колачињата по величина, прво се прават ваљаци со иста дебелина, па потоа се сечат на половина, па на четвртини, на осмини, шеснаестини и така натаму, по што се формираат топчињата.

РЕЦЕПТ 2

Потребни состојки:

Се мери со шолја од 250 мл
75 г путер
85 г крем сирење
100 г шеќер
1 жолчка
1 лажичка екстракт од ванила
½ лажичка екстракт од бадем
2 лажички сок од портокал
1 шолја брашно
2,5 шолји кокосово брашно
2 лажички прашок за печиво
1 прстофат сол
46 чоколадни капки
кокос за валкање

постапка:

Оставете го путерот и крем сирењето на собна температура да омекнат. Миксајте заедно со шеќерот, па потоа додадете жолчка, екстракт од ванила, екстракт од бадем и сок од портокал. Измиксајте ги сите состојки заедно.

Потоа измешајте ги брашното, прашоко за печиво и малку сол. Додадете го постепено во кремот и убаво измешајте за да се изедначи. На набрашнета површина уште малку измесете го тестото, а потоа завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер еден час.

Од тестото вадете топчиња и валкајте ги во кокосово брашно. Редете ги во плех обложен со хартија и печете ги во загреана рерна на 180 степени, 12 минути.

Веднаш кога ќе ги извадите колачите од рерна, во средината притиснете една чоколадна капка, а доколку немате капки, тогаш мало парче чоколадо. Исто така, можете да правите мали вдлабнувања кои потоа ќе ги полните со чоколаден фил. Од оваа количина излегуваат 46 топчиња.

Loading...