Ова го пробав на еден роденден и одлично е со свежи краставички а може и со кисели.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3-4 поголеми краставици, 1 јогурт, 2-3 големи лажици милерам или павлака, 3-4 големи лажици сечкани зачини (копар, власец и малку оригано), 1 мала лажичка сенф, 2-3 мали лажички мед. Сол, црн пипер
ПОСТАПКА: Краставиците излупете ги, изрендајте ги и посолете. Кога малку ќе отстојат, истиснете ги со раце за да се исцеди течноста. Копарот, ориганото и власецот измијте ги па ситно исечкајте ги.
Во пластичен сад измешајте јогурт, павлака, сенф, мед, власец, оригано и копар. Промешајте па зачинете по желба. Додајте ги исцедените краставици и добро промешајте.
Послужете ја оваа салата изладена со месо или јадење по желба. Може да се чува во фрижидер 2-3 дена. Изладена е уште повкусна.