Кога еднаш ќе го пробате, повеќе никогаш нема да направите друг колач. Јас го правам во секое време кога ќе ми се пријаде нешто благо, но и постојано си имам по неколку тазе парчиња за во случај да ми дојдат ненадејни гости. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 мл млеко, 10 г сув квасец, 2 лажици брашно. ЗА ТЕСТО: 650 г брашно, 2 јајца, 5 лажици шеќер, 220 г путер. ЗА ФИЛ: 700 г џем, 300 г мелени ореви, 5 лажици шеќер, чоколадо.




ПОСТАПКА: Млекото, јајцата и путерот извадете ги околу 1 и пол час на собна температура пред да започнете со подготовка на тестото. Кога млекото ќе биде млако измешајте го со сувиот квасец и додајте 2 големи лажици брашно.




Соединете ги состојките со лажица и оставете квасецот да набубри. За тоа ќе биде потребно да отстои околу 10 минути. Во меѓувреме во 650 г брашно кои сте ги ставиле во подлабок сад каде што ќе го замесите тестото скршете ги јајцата.




Додајте 5 големи лажици шеќер и 220 г омекнат путер. Со помош на лажица лесно измешајте и целата смеса соединете ја колку што повеќе можете. Кога квасецот ќе набубри додајте го во смесата со останатите состојки.




Замесете фино и меко тесто кое не треба да биде лепливо под прсти. Тестото се завиткува во најлонска фолија и се става во фрижидер да отстои околу 1 час.




ЗА ФИЛ: Изберете џем по ваш вкус, ќе ви биде потребно околу 700 г. Во него додајте претходно измелени ореви и 5 лажици шеќер (оваа количина може да ја намалите или зголемите во зависност од блажината на самиот џем).




По изминатото време, извадете го тестото од фрижидер и поделете го на 4 еднакви делови. Тестото би требало да има тежина од 1200 г, така што секое поделено парче треба да биде 300 грама. Секое тесто се развлекува колку што е голем садот за печење (идеално е да користите тава со стандардна големина).




Тавата се обложува со хартија за печење и со помош на оклагија завиткајте го тестото и префрлете ја првата кора на дното од тавата. Доколку сте умешни, овој процес би требало полесно да се одвива со завиткување на оклагијата отколку да ја префрлувате кората со раце, постои ризик од распаѓање.




Врз секоја кора се премачкува со џемот кој исто така треба да го поделите на 4 еднакви делови. Последно завршувате со четвртата кора. Оставете колачот вака да отстои 30-40 минути на собна температура пред да ставите на печење.




Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 35 минути. По печењето, настрана може да растопите чоколадо за готвење и да прелиете врз колачот. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.