Оваа плетенка е направена со шунка и свежо сирење, а вие можете да ја филувате со што и да посакате.

Потребни состојки: 500 г брашно, 350 мл млеко, 15 г свеж квасец, 1 лажичка шеќер, 50 мл масло, 250 г свежо сирење, 100 мл кисела павлака, 1 лажичка сол и 2 јајца. Постапка: Активирајте го квасецот со 100 мл млако млеко и една лажичка шеќер. Подгответе 400 г брашно, додадете масло и активираниот квасец.

Со остатокот од млакото млеко замесете мазно тесто и додавајте по потреба брашно додека да измесете средно густо и мазно тесто кое не лепи на раце. Оставете го тестото на топло да се удвои, а потоа поделете го на два дела.

Секој дел од тестото формирајте го во топка, па развлечете го во кора со форма на правоаголник. Измешајте го сирењето со павлаката и изматен снег од две белки. Пократките рабови од кората префрлете ги преку филот за 2 см, а од двете страни исечете ленти со широчина од 2 см.

Потоа преклопувајте ги вкрстено лентите преку филот. Кога плетенката е завршена, наредете ја во намастена тепсија со масло.

Постапката повторете ја и со второто тесто. Одозгора премачкајте со разредена жолчка (со млеко или јогурт) оставете неколку минути и печете во загреана рерна на 200-180 степени додека да добие убава заруменета боја.

coolinarika.com