ПЛАЗМА ТОРТА… Доста голема, а евтина и со перфектен вкус…Одлична за родендени, но и за секој ден…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За кора:
4 јајца
4 лажици шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
1 лажица брашно
1/2 кесичка прашок за печиво (1 лажичка)
7 лажици мелени ореви
100 мл сок од портокал – за преливање на кората

За фил:
250 г путер или маргарин
250 г шеќер во прав
250 г мелени бисквити
150 г мелени ореви
200 мл сок од портокал
100 г чоколадо за готвење

За декорација:
125 мл ладно млеко
1 кесичка шлаг крем од чоколадо
рендано чоколадо за одозгора

ПОСТАПКА:

1.Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата. Матете додека да згуснат. Потоа додајте брашно, прашок за печиво и мелени ореви, па изматете кратко за сето да се соедини.

Смесата излејте ја во калап 24 см обложен со хартија и печете 20 минути во загреана рерна на 200 степени.

2.За фил: растопете го чоколадото на пареа и оставете да подизлади. Пенасто изматете го путерот омекнат на собна температура заедно со шеќерот во прав. Додајте бисквити, ореви и сок од портокали, па со миксерот соединете.

3.Добиениот крем поделете го на два дела, а во едниот додајте го растопеното чоколадо и соединете.

4.Печениот пандишпан избоцкајте го со виљушка и полијте го со сокот од портокали. Оставете да го впие неколку минути па започнете со филување.

5.ФИЛУВАЊЕ: кора, чоколаден крем, па основен крем. Израмнете и тортата ставете ја во фрижидер неколку часа или преку цела ноќ. Декорирајте со изматен шлаг крем. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/2hzXSWJ2MNo?si=dUzku9yPSSF8zeEV