Нема кој не ги сака колачите и тортите со плазма кекси, а кога станува за залак-топчињата, тие се омилени. Домаќинките со задоволство ги приготвуваат зашто не се печат и многу лесно се обликуваат. Во продолжение прочитајте го рецептот за плазма топчиња со бело чоколадо кои се одлични за слави и празници. Еве што ви е потребно:

Рецепт 1

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г мелена плазма (или посни бисквити), 350 г путер од кикирики, 60 г мед, 200 г бело чоколадо (посно, веганско чоколадо може да се најде во продавниците за здрава храна)

рецепт 2

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г плазма бисквити, 2-3 банани, 200 г чоколадо за готвење. Во овие колачиња не се користи јајца, брашно и масло при подготовка, а може да ги направите и во посна варијанта доколку користите посни бисквити.

ПОСТАПКА за рецепт 1: Двеста грама бисквити сомелете ситно во блендер или на машина и истурете ги во некој подлабок сад. Додајте 350 г омекнат путер од кикирики, па промешајте додека да се изедначат во смеса со конзистенција на влажен песок.

Мелените бисквити со путерот е најдобро да се измешаат рачно за да се добие ваквата структура. Потоа додајте 60 мл течен мед и повторно промешајте до изедначување. Повторно замесете со рака.

Кога ќе ја стиснете со рака смесата треба лесно да се обликува, да не се рони премногу. Потоа обликувајте топчиња со приближна еднаква големина на орев и наредсете ги на рамна површина/тацна или некој сад.

Вака обликуваните топчиња ставете ги во замрзнувач да се стегнат, приближно пет минути или додека го растопувате чоколадото. Белото чоколадо искршете на поситни коцки и растопете го во микробранова печка или на пареа/тивок оган.

Топчињата потопувајте ги во растопеното чоколадо и редете ги боцнати на чепкалка или врз решетка, или пак едноставно редете ги врз хартија за печење. Одозгора декорирајте ги со чоколадни трошки или мелен лешник/по избор. Деатлите погледнете ги ОВДЕ. Ова е постапката за вториот рецепт:

ПОСТАПКА за рецепт 2: Бисквитите сомелете ги во блендер на двапати ако не ви ги собере сите одеднаш или користете плазма. Бананите излупете ги и изгмечете ги со виљушка во пире. Додајте ги во мелената плазма и убаво промешајте.

Замесете тесто со раце кое треба да биде тврдо и да не се распаѓа. Тестото веднаш се формира штом ги соедините состојките. Потоа вадете иста количина од смесата и помеѓу рацете формирајте топче.

Тестото може малку ќе ве потсетува на пластелин бидејќи има таква конзистентност. Потоа растопете го чоколадото и во него спуштајте едно по едно топче, па редете ги на хартија за печење да се стегнат.

Ако ви преостанало чоколадо, ставете го во кујнски шприц и кога колачињата ќе се стегнат декорирајте ги со линии одозгора. Се ставаат во фрижидер да отстојат 10 минути и веднаш се подлужуваат. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.