Рецепт и видео презентација на Бојана од „Бокина кујна“ – Плазма карамел торта. Ова се некои од коментарите за оваа торта: „Јас ги обожавам тортите и да ги правам и да ги јадам, а оваа торта е врв!“; „Оваа комбинација на фил е предобра, секоја чест“; „Во благодарам за објаснувањето и почетник може да направи, тортата е супер“…

карамел торта
карамел торта

Потребно е да се испечат три кори (три бисквити). За една кора се потребни следните состојки: 4 белки, 4 лажици шеќер, 3 лажици мелена плазма (или други мелени кекси), 1 лажица брашно, 1 лажица какао, на врв од лажичката прашок за печиво. Корите се печат во калап 26 см, 15 минути на 180 степени.

карамел торта
карамел торта

Потребни состојки за фил: 12 жолчки, 150 г шеќер, 2 пудинзи со вкус на карамел, 700 мл млеко, 200 г мелена плазма (или друг вид на кекси по ваш вкус), 200 г чоколадо со полнење од карамел, 250 г путер или маргарин. И уште: малку чоколадно млеко за прскање на корите.

фил: крем од карамел
карамел торта

Постапка: Кратко време пред приготвувањето извадете ги јајцата од фрижидер, на собна температура. Потоа од четири јајца, колку што ни е потребно за една кора, одвојте ги во посебни садови белките од жолчките. Вкупно се потребни 12 јајца за сите три кори, а жолчките тргнете ги на страна за приготвување на кремот.

одвојте ги во посебни садови белките од жолчките
пенасто изматете ги белките
постепено додавајте 4 лажици шеќер
матете околу 5 минути
треба да добиете цврст, пенлив снег кој не паѓа

Со помош на електричен миксер пенасто изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот (4 лажици). Матете додека да добиете цврст, пенлив снег кој не паѓа. Потоа додајте три супени лажици мелена плазма, една лажица брашно, една лажица какао во прав и на врв од лажичката прашок за печиво.

додајте три супени лажици мелена плазма
една лажица брашно, една лажица какао во прав и на врв од лажичката прашок за печиво

Повеќе не ви е потребен миксерот за матење, туку само лажица, шпатула или жица маталка. Внимателно соединете ги состојките за да добиете изедначена смеса, но сепак таа да биде воздушеста и пеблива (да не спаднат белките). Постапката треба да ја повторите трипати за трите кори.

Внимателно соединете ги состојките за да добиете изедначена смеса
Добиената смеса рамномерно распоредете ја во тркалезен калап со пречник 26 см претходно обложен со хартија

Добиената смеса рамномерно распоредете ја во тркалезен калап со пречник 26 см претходно обложен со хартија. Корите печете ги во загреана рерна на 180 степени приближно 15 минути (проверете со чепкалка). Корите треба да бидат тенки, па внимавајте да не ги препечете. Кога се печени ставајте ги една врз друга и покријте ги со памучна крпа.

Корите печете ги во загреана рерна на 180 степени приближно 15 минути
Кога се печени ставајте ги една врз друга и покријте ги со памучна крпа

Започнете со приготвување на филот: во едно тенџере ставете половина литар млеко, а во посебен сад измешајте 200 мл млеко, 12 жолчки, 2 кесички пудинг со вкус на карамел. Тенџерето со млекото ставете го на рингла да се загрева на умерена температура и во него додајте 150 г шеќер.

во едно тенџере ставете половина литар млеко
измешајте 200 мл млеко и 12 жолчки
додајте 2 кесички пудинг со вкус на карамел и измешајте

Кога млекото ќе се загрее, намалете ја температурата и започнете постепено да ја додавате смесата со карамел пудингот. Постојано и непрекинато мешајте додека кремот да се свари и згусне (внимавајте да не ви загори). Додека кремот е топол во него додадете чоколадо со карамел-полнење.

Кога млекото ќе се загрее, намалете ја температурата
започнете постепено да ја додавате смесата со карамел пудингот
Постојано и непрекинато мешајте додека кремот да се свари и згусне
внимавајте да не ви загори
кремот треба вака некако да изгледа…
одберете вкусно чоколадо кое во внатрешноста има карамел-полнење
искршете го чоколадото и додајте го во топлиот крем

Добро промешајте додека чоколадото целосно да се растопи и да се инкорпорира во кремот. Сварениот крем претурете го во посебе сад и додајте 200 г мелена плазма. Промешајте со лажица за да се изедначи смесата. Оставете на страна целосно да се олади.

Добро промешајте додека чоколадото целосно да се растопи и да се инкорпорира во кремот
кремот е…мммм…многу вкусен
претурете го во посебен сад
додајте ја мелената плазма
добро промешајте за да се изедначи, па оставете да се олади

Путерот исечкајте го на листови и оставете го да омекне на собна температура, а потоа пенасто изматете го со миксер. Изматениот путер додајте го во изладениот крем, па заедно соединете ги со миксерот. Матете неколку минути додека да се изедначи смесата.

путерот пенасто изматете го со миксер
…додајте го во кремот..
изматете добро да се изедначи смесата
На крај кремот за филување треба да биде доволно густ, а се пак мазен и нежен кој тешко паѓа од лажицата
филот е готов

На крај кремот за филување треба да биде доволно густ, а се пак мазен и нежен кој тешко паѓа од лажицата. Од изладените кори отстранете ја хартијата врз која се печеа, па може да започнете со редењето и филувањето на тортата. Корите се многу меки и еластични.

од изладените кори отстранете ја хартијата
корите се многу меки и еластични
…сепак, подгответе малку чоколадно млеко за да бидат уште посочни

Ставете една кора врз декоративна чинија за сервирање и прелијте ја со неколку лажици чоколадно млеко за да биде уште посочна и помека. Бидејќи корите се веќе изладени, па споро го впиваат чоколадното млеко, затоа е најдобро сите три кори да ги ставите во посебни чинии и да ги натопите (не премногу) со млекото.

секоја од корите натопете ја со по неколку лажици чоколадно млеко
најдобро е корите да ги оставите секоја во посебна чинија
и да ги оставите 5 минути да го впијат млекото

После пет минути ткако корите ќе го впијат млекото, започнете со филување. Врз првата кора нанесете третина од филот (околу 6 полни лажици), рамномерно распоредете и израмнете. Поклопете со втора кора, па повторно нанесете фил и израмнете.

Врз првата кора нанесете третина од филот
рамномерно распоредете и израмнете
Поклопете со втора кора
повторно нанесете фил
…и израмнете

На крај ставете ја и последната, третата кора и премачкјате ја целата торта одозгора и од страните со последната третина од филот (за крај оставете малку повеќе за да имате доволно за да ја обложите целата торта и странично да ги пополните нерамнините).

На крај ставете ја и последната, третата кора
нанесете го остатокот од филот
премачкјате ја целата торта одозгора
…и од страните

Одозгора тортата можете да ја декорирате со шлаг, чоколадна глазура, рендано чоколадо и слично, но јас ја обожавам со мелен и сечкан лешник. Пред послужување добро изладете ја, а потоа уживајте во нејзиниот вкус. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

декорирајте и изладете
уживајте во вкусот..