Брзи и едноставни за приготвување плазма бомбици со пудинг, толку се вкусни што буквално се топат во уста.

Потребни состојки:

500 мл млеко
10 г ванилин шеќер
3 лажици шеќер
80 г пудинг од ванила (2 кесички)
100 г путер
180 г мелена плазма/бисквити
2 лажици крем од лешник (нутела или слично) + 70 г мелени бисквити за валкање

Постапка:

Ставете 350 мл млеко со 10 г ванилин шеќер и 3 лажици шеќер да се вари. Во подлабок сад соединете 80 г (2 кесички) пудинг со вкус на ванила со 150 мл млеко, па полека со мешање истурете го во врелото млеко.

Варете го пудингот на тивок оган додека да се згусне. Врелиот пудинг соединете го со 100 г путер. Половина од пудингот истурете го во поголема чинија и додадете 3 лажици лешник крем (нутела, темниот дел од еурокрем…) и добро изматете со миксер.

Во светлиот и темниот фил додадете по 90 г мелени бисквити и измешајте. Добиената смеса ќе биде погуста. Смесата покријте ја и оставете ја на ладно, па во фрижидер околу 20 минути или еден час.

Ладните филови полесно се обликуваат и не се лепат на раце. Земете малку од изладениот фил и обликувајте топче со рацете, а потоа валкајте го во мелени биксвити.

Деталите можете да ги погледнете во видеото: