Пица пирошки за моите внуци: Внук ми мѝ вели “Бабо, никогаш не сум јадел нешто така добро!”

Фото и рецепт: Мара Стјепановиќ Шокиќ

Тукушто се вратија од училиште и Внук ми мѝ вели: “Бабо, никогаш не сум јадел нешто така добро!” А на баба срцето од радост ѝ чука.

Loading...

Мекиците можете да ги правите полнети или празни, секако се вкусни. Јас не ги правев според некој рецепт, но ќе се обидам да ви ги напишам приближните мерки.

Потребни состојки:

300 мл млако млеко
2 лажички шеќер
1 сув квасец или ½ коцка свеж квасец
200 мл млак јогурт
1 лажица течен путер или маргарин
1 јајце
1 полна до врв лажичка сол
1 прашок за печиво
50 мл масло
800 г брашно +-

Постапка:

Во приближно 300 мл млако млеко ставете 2 лажички шеќер и кесичка сув квасец (или половина коцка свеж квасец). Промешајте и оставете на топло 10-тина минути да се активира.

Во садот за месење ставете 200 мл течен јогурт, претходно малку загреан да биде млак, една лажица течен путер, едно јајце, до врв полна лажичка сол, еден прашок за печиво и 50 мл масло.

Додадете го активираниот и запенет квасец, па измешајте добро. Постепено започнете да додавате брашно, приближно 800 грама.

Тестото треба да биде меко, но не премногу. Добро измесете го и оставете го да стасува на топло околу еден час. Потоа истресете го на набрашнета работна површина, нежно обликувајте го во топка, па развлечете кора со дебелина од околу 1 см.

Со остар нож сечете облици по желба и секоја коцка засечете ја на средина. Остевете ги покриени малку да стасаат и да се удвојат, околу 10-15 минути.

Мекиците пржете ги во длабоко врело масло, но не на најсилна температура. Кога ќе ги спуштате мекиците во масло, долниот дел на кој лежеле нека биде нагоре. Кога ќе заруменат вадете ги на хартиена салветка.

ФИЛ ЗА ПИРОШКИ

Кората развлечете ја и исечете ја на саканите облици, па на секоја коцка ставете кечап, оригано, шунка и рендан кашкавал за пица или моцарела.

Затворете ги пирошките и краевите притиснете ги со виљушка. Оставете околу 15 минути тестото да стаса. Потоа пржете ги во врело масло, но не на најсилно. Од 9 јачина, пржете на 6, умерена температура.

Фото и рецепт: Мара Стјепановиќ Шокиќ

Loading...