ПИТАТА НА ТЕТКА МИРА: Се прави речиси од ништо, тестото се полни со млеко и се пече, поубаво нешто не сум јадела

Кога бевме деца често одевме на гости кај тетка Мира за да ја јадеме оваа вкусна пита. Мајка ми правеше слични пити, но ги филуваше со спанаќ, урда, праз или некогаш со зелка или тиква. Но, питата на тетка Мира беше нешто посебно и сите ја сакавме. За нас беше празник кога одевме кај неа.




Ја имав подзаборавено, но еден ден случајно налетав на презентацијата на Замира и веднаш ја препознав питата на тетка Мира. Искрено, многу се израдував и решив самата да се обидам да ја направам. Излезе и подобро од што очекував. Тестото се приготвува само од брашно и вода, па се полни со фил од млеко и јајца. Питата е совршена, штета ако не ја пробате. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 лажичка брашно (5 г), 350 мл млака вода, 550 г брашно. ЗА ФИЛ: половина лажичка сол (3 г), 4 јајца, 350 мл млеко, 1 лажица гриз. За премачкување на тестото приближно 80 г путер. Предвидено за тепсија со дијаметар од 24 см.




ПОСТАПКА: Во подлабок сад растворете ја солта во водата, па додајте го брашното на неколку наврати и замесете со рака или со лажица. Кога ќе се создаде комапктно тесто, истото истресете го врз малку набрашнета работна површина и добро изработете со.




Тестата што не содржат квасец или некоја друга состојка за омекнување, мора добро да се измесат во времетраење од 8-10 минути за да станат меки и еластични. Кога ќе забележите дека тестото омекнало, вратете го во садот, покријте го со кеса и оставете го да одмори 20 минути на собна температура.




За тоа време пригответе го филот: во длабок сад скршете четири јајца, посолете ги и додајте млеко. Изматете да се изедначи, па тргнете настрана (во фрижидер) додека ги развлекувате двете кори. Тестото поделете го на два дела од кои едниот треба да биде поголем (2/3) а другиот помал (1/3).

фил од јајца и млеко




Поголемиот дел развлечете го во голема тенка кора со дебелина од 3-5 мм, на средината поставете некоја чинија како маркер (не мора), па исечете зраци. Средината на кората премачкајте ја со путер, па преклопете со едно парче, намастете го и него и на ист начин продолжете со наизменично преклопување и намастување со путер.




Секое парче кога ќе го преклопувате убаво развлекувајте го за да се покрие претходното. На крај ќе добиете убав куп од преклопени теста. На набрашнета површина развлечете го во поголема кора, поголема од дијаметарот на тепсијата. Поставете ја кората на дното и добро наместете ја на ѕидовите да не паѓа.




На дното истурете една лажица гриз. Истата постапка повторете ја и со второто, помалото тесто. Развлечете тенка кора и поставете ја врз големата. Овојпат со прстите спојте ги краевите на двете пити во убава и цврста „витка“ и оставете само еден мал „џеб“ во кој ќе го истурите филот од млеко и јајца.

Потоа и „џебот“ затворете го со „витка“ за да не истекува/испарува филот од средината на питата. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени приближно 40 минути или додека убаво да зарумени. Оставете малку да подизлади, па сечете и послужете. Питата се разлистува, а филот во средината е нежен и многу вкусен. Неодолива е. Деталите погледнете ги ОВДЕ.

Претходна статијаТорта за која секогаш се бара рецепт: Старомодна торта на нашите баби која брзо се подготвува и уште побрзо се јаде
Следна статијаПОСЕН ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ НА ВОДА: Измешајте неколку евтини состојки и направете многу вкусен колач (3 рецепти)