Mногу вкусна пита која нема да ве остави рамнодушни. Тестото не се меси, само се соединуваат состојките и потоа се развлекува низ тепсијата. Има многу убав шмек на шланина и лук кој е вметнат во тестото, па затоа нема потреба од додавање или одземање на некои состојки, рецептот е иделен.




Стар и непознат рецепт од селската култура во Исланд. Вакво нешто сигурно не сте пробале многу често. Би било штета доколку овој рецепт се изгуби со текот на времето. Овој рецепт дефинитивно ќе ве изненади вас и вашите најблиски бидејќи малкумина ја знаат неговата тајна. Тоа е неверојатно колку лесно е да се направи, срдечно и исклучително вкусно.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО: 130 мл млака вода, 300 г брашно, 60 г чадена сланина, 1 лажиче шеќер, 3 лажички сол, 20 грама свеж квасец, 2 помали главици кромид. ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: 30 грама свинска маст (или обично масло/растопен путер/маргарин), 2 чешниња лук.




ПОСТАПКА: Сланината ситно исечкајте ја на ситни коцки. Доколку има р’скавица и кожинка може да ја отстраните. Ставете да се пржи во тавче без масло, таа самата ќе пушти онолку колку што и е потребно за да се зготви.




Во меѓувреме исечкајте на ситно 2 главици кромид, исто како сланината, на коцки. Кога сланината ќе почне да го испушта својот мирис и ќе потемни, додајте го кромидот и пржете додека да кристализира и да омекне.




Во подлабок сад за замесување на тесто ставете 130 мл топла вода и во неа издробете 20 г свеж квасец. Малку промешајте го во млаката вода, па додајте 1 лажиче шеќер. Оставете квасецот да се активира 15-20 минути.




По изминатото време започнете да го додавате брашното заедно со 3 лажички сол. Вкупно ќе ви биде потребно околу 300 г брашно, но може да ви фали уште 20-30 г за да не ви лепи (додајте по потреба). Кога ќе го замесите тестото додајте ја испржената сланина и испржениот кромид во него и убаво соединете го да биде компактно. Тестото се остава да стасува околу 30 минути под најлонска фолија на топло место.




Настрана растопете малку свинска маст (може и обично масло или путер/маргарин) и додајте ситно сечкани 2 чешниња лук, па оставете да се испржат (колку да не биде живо лукчето). Замесеното тесто развлечете го во помала тепсија, обложена со хартија за печење и исечете го на коцки со остар нож кој може претходно да го намастите.




Помеѓу внатрешноста на тестото, вметнете ја маста со лукот. Питата печете ја во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 30 минути. Кога ќе ја испечете, ќе ви личи како да сте правеле мантии со сланина. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.