ПИТА СО МЕСО: Од готови кори, поубава од бурек, прсти да излижеш

Оваа пита е толку многу вкусна, а лесна и едноставна за приготвување, и затоа најмалку еднаш неделно ја приготвувам. на сите им се допаѓа, а гостите секојпат се посебно воодушевени. Затоа, запишете си го рецептот, срдечно ви го препорачувам. Рецепт на Слаѓана Шчекиќ. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г готови кори за пита, 500 г мелено месо, 3 главици кромид, масло по потреба, зеленчуков зачин, 1 лажичка сол, црн пипер по вкус. ЗА ПРЕЛИВ: 2 јајца, 1 чаша (од 180 г) јогурт, 1 чаша масло, 1 чаша брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 1 лажичка сол




ПОСТАПКА за приготвување на филот: Главиците кромид излупете ги и ситно исечкајте ги па пропржете ги на малку масло, на умрене температура. Кога кромидот ќе застакли, додајте го меленото месо, посолете и запиперете, па додајте го зеленчуковиот зачин.




Динстајте со непрекинато мешање додека месото да ги испушти соковите, да испари вишокот течност и да ја промени бојата. Речиси зготвеното месо тргнете го на страна да се подизлади додека го приготвувате преливот.




ПОДГОТОВКА НА ПРЕЛИВ: Во посебен сад скршете ги јајцата и изматете ги, па додајте го јогуртот и маслото, па изедначете ја смесата. Потоа додајте го брашното помешано со прашокот за печиво и солта, па добро изматете додека да добиете изедначена и хомогена смеса без грутчиња.




Корите отворете ги на работната површина и пребројте ги. Поделете ги по четири кори на купче за еден ролат (јас имав 20 на број и ги поделив на 5 купчиња по 4 кори, за пет ролати, а некогаш имам 16 кори за 4 ролати). Вие приближно поделете ги според бројот на кори со кои располагате.




РЕДЕЊЕ: отворете ја кората па преку цела површина премачкјате ја со преливот. Приближно се потребни околу две големи лажици прелив за една кора, а мачкјате со кујнска, силиконска четка.




Врз првата кора ставете втора, премачкјате ја и не а со прелив, па трета кора, премачкјате ја со прелив, а на крај ставете ја четвртата кора. Последната кора не се премачкува со прелив туку врз неа се распоредува само фил.




Свиткајте ги ролатите и наредете ги во намастен плех. одозгора премачкајте ги со преостанатиот прелив и наросете суса. печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени околу половина час. Рецепт на Слаѓана Шчекиќ.

Претходна статијаСтарински колач со мак и чоколадо: Се меша, излева и пече, а потоа се прелива со вкусното чоколадо
Следна статијаОвој чај ги намалува мастите, особено од пределот на стомакот – резултати по една недела