Еве една одлична идеја за појадок, вечера а може да се послужи и за ручек со некоја свежа салата. Потребни ви се готови кори и јогурт или кисело млеко, а за фил користете меко сирење помешано со рендан кашкавал или пак претходно запржено мелено месо со кромид. За подготовка ќе потрошите само 10 минути, еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јајце, 100 мл масло, 250 мл јогурт или кисело млеко, 1 мала лажичка сол (5 г) или по вкус, 1 супена лажица брашно, 1/2 кесичка прашок за печиво (5 г), 500 г свежи кори за пита (1 пакување), 250 г моцарела или кашкавал, 100 г меко сирење. ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: ! јајце, 80 мл јогурт, сусам за наросување




ПОСТАПКА: Доколку користите моцарела, најдобро е најпрво малку да ја оставите во замрзнувач за да стврдне и полесно да се ренда. Истото се постапува и доколку користите некој помек кашкавал. Секако, може да користите и готов, изрендан кашкавал по желба, во количина од вкупно 250 грама.




Во еден подлабок сад скршете едно крупно јајце, додајте 100 мл масло за готвење, 250 мл јогурт или кисело млеко, половина или една мала лажичка сол по вкус и една до врв преполна супена лажица брашно.




Добро изматете додека да се разбијат сите грутчиња, а некаде пред крајот додајте и една мала лажичка прашок за печиво (половина кесичка). Матете со жица маталка додека да добиете изедначена, хомогена смеса. Со оваа течна смеса се премачкуваат корите.




На работна маса отворете ги свежите кори (едно пакување од половина килограм). Земете една кора, па преку целата површина премачкјате ја со приготвениот прелив од јајце и јогурт, со помош на силиконска четка.




Премачканата кора преклопете ја со втора кора, па и врз неа нанесете од преливот. На едниот крај од подолгата страна наросете рендана моцарела/кашкавал и малку ситно сирење/меко или по желба, па внимателно свиткајте во ролат.




Вака приготвените кори редете ги во плех претходно добро намастен или обложен со хартија за печење. Во помал сад скршете едно цело јајце, малку посолете и изматете го. Со јајцето премачкјате ја питата одозгора.




Залијте 80 мл јогурт и рамномерно наросете сусам, ленено семе, ким или семки по ваш избор. Ставете да се пече во загреана рерна на 220 степени околу 25 минути или додека убаво да зарумени.