Пита-полжави со сирење и млад кромид – меки како душа

Видео и рецепт: Сања Мандиќ

Овие полжавчиња со сирење и младо кромитче толку мамат со својот вкус и отвораат апетит, што е вистинско уживање додека се јадат.

Loading...

Супер се меки, вкусни и миризливи, супер се сложуваат со когурт, па изненадете ги вашите најмили. Видеото можете да го погледнете најдолу, под рецептот.

Потребни состојки:

450 – 500 г брашно
20 г квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
100 мл јогурт
100 мл вода
100 мл масло
1 јајце
200 г ситно сирење
1 китка младо кромитче
1 белка
сол
1 жолчка за премачкување

Постапка:

Загрејте 100 мл вода со лажичка шеќер, па во млаката вода растворете го квасецот и оставете го 10-тина минути да се активира. За тоа време во еден сад ставете малку врашно, додадете лажичка сол и промешајте.

Потоа во брашното додадете едно цело јајце, 100 мл масло, 100 мл јогурт и активираниот квасец. Замесете едноставно тесто кое не се лепи за раце, а по потреба додадете брашно.

Измесете го тестото прво во садот, а потоа и врз набрашнета работна површина. Тестото не смее да биде тврдо, штом ќе престане да се лепи на површината – тестото е готово и еластично.

Вака измесеното тесто оставете го половина час да се одмора. За тоа време ситно исечкајте го младиот кромид и додадете го во 200 г ситно сирење. Промешајте и посолете по вкус, па додадете една белка од јајце (жолчката сочувајте за подоцна за премачкување).

После 30 минути тестото развлечете го со оклагија, колку можете потенко околу 5 мм, во правоаголен облик.

Кората премачкајте ја преку целата површина со филот од сирење и млад кромид. Потоа започнете да ја виткате кората во ролат, внимателно, да нема многу воздух внатре. Ролната малку притиснете ја со рацете.

Потоа исечете ја на еднакви делови (мене ми излегоа 12 парчиња). Тепсијата (26 см) малку намастете ја со масло и обложете ја со хартија за печење. Започнете да ги редите полжавите во тепсијата со мало растојание помеѓу нив, бидејќи во текот на печењето ќе пораснат.

Во жолчката додадете малку млеко и премчкајте ги полжавите одозгора. Малку посолете и прекријте ја тепсијата со проѕирна фолија и крпа додека рерната се загрева на 200 степени. Потоа ставете ги полжавите да се печат на 200 степени околу 20-тина минути или додека убаво да заруменат.

Откако ќе се испечат, уште додека се топли премачкјате ги одозгора со малку путер, да добијат вкус, мирис и да останат меки. Потоа покријте ги со кеса и крпа и оставете ги малку да подизладат. После 15-тина минути можете да ги послужете.

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото подолу:

Loading...