ПИТА „НАВАМУ-НАТАМУ“…Овој метод го знам 15 години и секојпат сите се воодушевени од изгледот и вкусот…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 лажица шеќер 20 г
1 кесичка сув квасец 10 г
2 чаши топло млеко 400 мл
1 мала чајна чаша масло 100 мл
2 белки
6 чаши брашно 720 г +-
1 лажичка сол 8 г
1 китка магдонос
За премачкување на тестото:
100 г путер
За премачкување одозгора:
2 жолчки
1 лажичка масло
ПОСТАПКА:
1.Растворете го квасецот заедно со шеќерот во топло/млако млеко. Додајте масло и белки и изедначете. Постепено додајте го брашното и солта и замесете меко, компактно тесто. Додајте ситно сечкан магдонос и домесете го тестото, да не се лепи.
2.Покријте го тестото и оставете го на топло место да ферментора додека да го удвои волуменот.
3.Стасаното тесто нежно премесете го и поделете го на 3 топки.
4.Земете една топка на набрашнета површина и со оклагија развлечете ја во правоаголна кора. Третина од путерот премачкјате преку целата површина.
5.Внимателно свиткајте ја кората во ролат и спојте ги краевите да се залепат. Постапката повторете ја и со другите две теста.
6.Ролатите наредете ги во огноотпорен сад намастен со путер. Со ножици исечете ги на парчиња со широчина од приближно 2-3 см, но не до крај. Поместете ги цик-цак, едното парче кон лево, а следното кон десно.
7.Покријте ја со кеса и оставете ја да ферментира 15 минути. За тоа време вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени.
8.Кога ќе го зголеми волуменот, премачкајте ја со жолчки и испечете ја додека да зарумени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.