Пирошки со сирење идеални за појадок или вечера, лесни за правење, на сите од првпат им успеваат

Многу вкусни, прави пирошки, ќе ги правите многу често кога еднаш ќе ги пробате!

Потребни состојки:

1 кг бело меко брашно
300 м густ јогурт
50 мл масло
350 мл млако млеко
2 цели јајца + 1 жолчка
40 г свеж квасец
2 лажици шеќер
1 лажица сол

За фил:

Loading...

300 г сирење
1 белка

Постапка:

Во млако млеко растопете го квасецот, додадете шеќер, сол, масло и разматени јајца.

Брашното просејте го и во средината направете вдлабнатина, па додадете јогурт (замлачен или на собна температура), па полека додавајте го млекото и замесете тесто.

Тестото покријте го и ставете го во фрижидер да одмори најмалку еден час, а може и повеќе. Ова тесто може да стои со часови и денови, бидејќи постапката е иста како за „лудо тесто“, тоа убаво ќе порасне и во фрижидер.

Кога сакате да правите пирошки, само откинете од него колку што ви е потребно и без премесување развлечете кора со дебелина од 1 см, сечете на квадрати, премачкајте ги малку со вода и филувајте ги со сирење помешано со белка.

Пирошките затворете ги а краевите притиснете ги малку су прстите за да не излегува филот.

Овие пирошки се пржат во длабоко масло околу 3-4 минути, се вадат и се редат врз хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија. Тие се крцкави однадвор а меки одвнатре.

Послужете ги со јогурт, кисела павлака, млеко…

Coolinarika.com

Loading...