Рецепт и видео прилог на Бојана од Sace Recepti

Ако се прашувавте што вкусно да приготвите за ручек, овој рецепт е одлична идеја. Рецептот можеби е постар и од нас самите, но бидејќи е вкусен, сè уште се задржал на нашите трпези.

Потребни состојки: 3 големи пиперки, 200 г сирење, 50 г сланина, 1 јајце, 50 мл кајмак или кисела павлака, 1 лажица сусам, 1 лажица ленено семе, масло по потреба

Постапка: пиперките измијте ги убаво и исцедете ги. Исечете ги на половина и исчитете ги од семките. Сирењето во посебен сад издробете го и соединете го со едно јајце.

Во смесата додајте еден мал филџан за кафе кајмак или кисела павлака, а по потреба посолете. Зачинете со по една лажица сусам и лелено семе по вкус, а за да се збогати вкусот вмешајте и 50 г ситно сечкана сланина или некое друго сувомеснато по ваш избор.

Промешајте добро за да се изедначи смесата, па полнете ги пиперките. Испрскајте со малку масло и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 20-25-тина минути додека убаво да зарумени.

Пиперките можете да ги сервирате како прилог на печено месо, но бидејќи се заситни може да ги послужите и како главно јадење. Деталите можете да ги погледнете во видеото: