Првпат кога пробав една пиперка, знаев дека мора да го добијам рецептот! Вкусот е феноменален!
Потребни состојки:
10 мали бабури
1,2 кг сирење за филување
1 литар сурутка
Сол
Постапка:
Измијте ги и исчистете ги пиперките од петелки и семе. На пиперките направете дупче на дното со величина на пченица.
Пиперките посолете ги по вкус од внатрешната страна. Јас ставам по еден прстофат сол на секоја пиперка.
Полнете ги со сирење, исто како што правите стандардни пиперки со мелено месо. Наредете ги пиперките во сад каде ќе одлежат некое време.
Оставете ги така нафилувани околу 3 часа (на собна температурам не ги ставајте во фрижидер, но да не е премногу топло).
Потоа направете солило од сурутка и сол. Ставете сол по ваш вкус, но преходно пробајте го сирењето што сте го купиле за да знаете да не претерате со сол. Прелијте ги пиперките со солило. Притиснете ги со потисок за да бидат целосно прекриени со течноста.
Оставете ги вака да отстојат следните 3-4 седмици на ладно и темно место. Потоа уживајте во нивниот вкус.