ПИПЕРКИ СО ЛУК ВО ТЕГЛА…Многу брзо се прави, но е една од најдобрите салати во зима…Еве што ви е потребно за оваа зимница:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

5 кг пиперки
150 г сол
140 г шеќер
100 мл масло
400 мл алкохолен оцет 9%
1,5 литар вода
4 г конзерванс (од 5 кг пиперки кога ќе се исчистат остануваат 4 кг, за 1 кг пиперки 1 грам конзерванс)
1 голема или 2 мали главици лук
свеж магдонос

ПОСТАПКА:

Пиперките измијте ги и исчистете ги од дршки и семе, па исечете ги на половина или филети. Во длабоко тенџере сипете вода, оцет, масло, сол, шеќер и конзерванс. Мешајте за да се растворат состојките, па прелијте ги пиперките.

Оставете ги 24 часа да отстојат. За тоа време пиперките дополнително сами ќе испуштат сок. Повремено отворајте го капакот и промешувајте ги пиперките за рамномерно да се маринираат.

Чисти и стерилизирани тегли наполнете ги со пиперки, ситно сечкано лукче и свеж магдонос. Одозгора притиснете со мрежаст потиснувач и теглите дополнете ги со течноста, пиперките да бидат прекриени.

Оставете 10-тина минути да „слегне“, па дополнете со течност ако има потреба. Затворете ги теглите со чист капак и целофан (не мора). Чувајте на ладно и темно место заедно со другата зимница. Постапката погледнете ја ОВДЕ.