ПИПЕРКИ СО ЛУК (АЛ ДЕНТЕ)…Најдобриот рецепт за зимница…Сите ми го бараат рецептот…Еве што ви е потребно за оваа вкусна салата од пиперки:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

5 кг пиперки исчистени од семе и дршки
150 г сол
200 г шеќер
500 мл 9% бел оцет
500 мл вода
2 главици лук
3 супени лажици сув магдонос

ПОСТАПКА:

1.Пиперките измијте ги и исчистете ги од семе и дршки, па исечкајте ги на крупни парчиња. Посипете ги со шеќер, сол, оцет и вода, покријте ги и оставете ги да отстојат 24 часа. За тоа време промешајте ги неколкупати.

2.Следниот ден ситно исечкајте го лукот и помешајте го со магдоност. Полнете чисти тегли со пиперката и додавајте лук и магдонос. Залијте со течноста во која отстојаа, па затворете ги со чисти капаци.

3.Теглите наредете ги во широко тенџере обложено на дното со крпа, па залијте ги со вода до капаците. Теглите не треба да се допираат. Откако ќе зоврие, намалете го огнот и варете ги 15 минути. Оставете да се оладат во водата.

Од оваа количина се добиваат 9 тегли и секогаш има доволно течност за да се исполнат. Ако случајно ви недостига течност, дополнете со претходно превриена вода. Спремните тегли се чуваат на темно и суво место. Постапката погледнете ја ОВДЕ.