Пиперки полнети со зелка за зима – Традиционален домашен рецепт
Полнетите пиперки со зелка се вистинска класика меѓу зимниците, со уникатен спој на крцкави пиперки и сочна, киселкаста зелка.
Ова јадење е совршен додаток на трпезата, особено како прилог кон варени јадења, печења или грав, носејќи автентичен вкус кој потсетува на домашната традиција, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
– 5 кг пиперки (исчистени и посолени одвнатре)
– 10 кг зелка (рендана и посолена)
– Малку црн пипер во зрно
– НМД
Постапка
1. Пиперките измијте ги, отстранете им ги семките и посолете ја внатрешноста. Оставете ги настрана.
2. Зелката изрендајте ја, посолете ја и оставете ја да отстои додека да пушти сок.
3. Наполнете ги пиперките со ренданата зелка и редете ги во голема пластична канта или стаклена тегла.
4. Наизменично редејте ред пиперки и ред рендана зелка сè додека да ги потрошите сите состојки.
5. На крајот, прелијте ги со течноста што ја пуштила зелката.
6. Покријте ја теглата или кантата со чиста газа, поставете дрвен или пластичен притискач, а врз него ставете тежок предмет, како камен.
7. На секои 2 до 3 дена заменувајте ја газата со чиста.
8. Чувајте ја зимницата на ладно и темно место, по можност во подрум.
Совети за успех
– Изберете меснати и цврсти пиперки за најдобар резултат.
– Зелката посолете ја доволно за да пушти доволно течност.
– Доколку недостасува течност, дополнете со зовриена и оладена вода во која е додадена малку сол.
– Најдобриот вкус се постигнува по 4 до 6 недели отстојување.
Оваа зимница е едноставна за подготовка, не бара варење и може да се чува преку целата зима, па дури и до летото. Со својата крцкавост и богат вкус, таа е незаменлив дел од традиционалната кујна.





































