Пиперки полнети со зелка…Една од омилените комбинации за кисела салата…Брзо се прави, а може да се јаде после 25 дена…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 кг пиперки
3 средни главици зелка
2-3 лажици сол
црн пипер во зрно
1 литар бел оцет 9%
3 литри вода
ПОСТАПКА:
1.Сварете ја водата и помешајте ја со оцетот, па штом зоврие тргнете од оган. Оставете да се олади. Ова можете да го направите и од претходниот ден.
2.Зелката изрендајте ја, посолете ја, помешајте ја и оставете ја најмалку 2-3 часа да омекне и да ја пушти водата. Потоа добро исцедете ја низ раце.
3.Пиперките исчитете ги од дршките и семето. Внимавајте да нема на нив ниедна црна точка.
4.Полнете ги добро пиперките со зелка, но внимавајте да не ги пукнете.
5.Наполнете ги теглите, па ставете малку црн пипер во зрно, одозгора притиснете со пластична решетка и залијте ги со оладената вода со оцет.
6.Наполнетата тегла поклопете ја со капакот без да го затворате и вака оставете да отстои 12-15 часа. Проверете го нивото на течноста и по потреба долијте уште малку. Мора да биде еден прст над пиперките.
7.Добро затворете ги и чувајте ги на ладно и темно место. После 25-30 дена може да се консумираат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.