Фото и рецепт на Верица Николиќ – Пилешки ролат со сланина. Вкусно и многу декоративно, за секаков облик на свечен ручек. Се приготвува брзо и едноставно од мелено месо и варени јајца. Може да го приготвите како главно јадење или како ладно предјадење.

Потребни состојки: 500 г бело пилешко месо без коски, 1 морков со средна величина, 1 главица кромид со средна величина, 1 луто пиперче, 3 чешниња лук, ½ врзоп магдонос, 1 јајце, 3 лажици масло, ½ лажичка сода бикарбона, 2 лажички црвена зачинска пиперка.

Покрај тоа ќе ви бидат потребни следните зачини:  2 лажички сув зачин (вегета), 1 лажичка црвена лута пиперка во прав, ½ лажичка свежо мелен црн пипер и 2 лажици рендан мармезан. И уште ќе ви биде потребно: 300 г тенко сечена месната, димена сланина и 5 варени јајца.

За да биде шарен ролатот ќе ви бидат потребни:  100 г грашок, 100 г пченка во зрно, 1 морков, 4 кисели краставички, 1 лажичка сув зачин (вегета). Постапка: Белото месо сомелете го (или купете го мелено). Кромидот, лукот, морковот, лутото пиперче и морковот исечкајте ги многу ситно во сечко или сомелете ги.

Во длабок сад ставете го меленото пилешко месо и додадете ги сите ситно исечкани состојки. Додадете јајце, масло, сода бикарбона, црвена зачинска алева пиперка (црвен пипер), пармезан, сув зачин, црвен лут пипер и црн пипер. Добро измесете ја целата смеса.

Земете калап со величина 30х11х7 см, па од сите страни обложете го со ленти од сланина, но така што еден дел од сланината да виси надвор од калапот. Преку сланината ставете половина од приготвената смеса, па со влажна рака рамномерно распоредете. Потоа, во средината наредете ги варените јајца и малку притиснете ги во месото.

Грашокот, ситно исечакниот морков и пченката сварете ги, но не премногу. Варениот зеленчук исперете го со ладна вода, исцедете го, додадете сечкани кисели краставички и наросете со сув зачин. Приготвениот зеленчук распоредете го помеѓу јајцата и калапот, од двете страни.

Преку зеленчукот ставете го остатокот од меленото месо и рамномерно распоредете и израмнете. Со сланината која претходно ја оставивте да виси преку калапот, сега преклопете го меленото месо, а краевите малку вовлекувајте во калапот за да дојде фино спакувано.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 степени. При печењето извадете го плехот и исцедете ја вишокот маснотија која ќе ја испушти сланината (јас двапати го вадев калапот и ја цедев маснотијата).

Кога површината на ролатот ќе добие убава румена боја, извадете го и превртете го во одговарачки плех. Потоа вратете го повторно во рерна да се запече и долната страна. Печениот ролат извадете го, оставете го да подизлади, па исечете го на парчиња и послужете.

Фото и рецепт на Верица Николиќ