Пилешката салата е една од најбрзите за подготовка, а која може да стои во фрижидер и до неколку дена без да го промени вкусот. Тоа ја прави совршена кога станува збор за славски трпези, родендени и други прослави, бидејќи можете да си ја приготвите неколку дена однапред.




Се послужува како салата или како намаз на леб, а одлична е и за секој ден кога не знаете што би јаделе за појадок или вечера. Може да се става во сендвичи или да се гарнира со месо. Многу е лесна и протеинска, па одлично се комбинира со други намирници. Еве што ви е потребно според рецептот на Милена:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 450 г пилешко бело месо (300 г варено пилешко бело месо + 150 г пилешки гpaди-салама), 5 супени лажици сусам (пропржен во сува тава и оладен), сол по вкус (третина лажичка), 200 г кисела павлака, 4 супени лажици јогурт




ПОСТАПКА: Во суво тенџере или тава ставете го сусамот да се пропржи на умерена температура со непрекинато промешување или протресување за да не загори. Потребно е да се истостира за да добие убава арома и темнозлатеста боја.




Штом малку ја промени бојата и започне да го шири својот пријатен мирис, тргнете го сусамот настрана и оставете да се олади. Додека се лади сусамот вие пригответе го остатокот од салатата. Пилешкото бело исечкјате го на ситни коцкички.




Јас конкретно варев супа, па во тенџерето го додадов месото, но исто така, може да се искористи и она што ќе ви преостане од печена кокошка, на пример. Ако наменски го варите белото месо за оваа салата, само ставете го во вода со малку сол додека да омекне.




Потоа додајте крупно рендана пилешка салама (по ваш избор, може шунка, салама, гpади..). Потоа додајте ја киселата павлака, малку сол по вкус, и на крај додајте го печениот и оладен сусам.




Добро промешајте со лажица за да се распоредат рамномерно сите состојки. Додајте сосем малку течен јогурт (4 лажици или по потреба) за да се разреди густата смеса и повторно промешајте. Сервирајте во декоративен сад и одозгора наросете сусам. Деталите погледнете ги ОВДЕ.