Кога не знаете што да готвите, пилешкото секогаш е добро и брзо решение. Досега можеби сте сте приготвувале на разни начини, печено, пржено, похувано.. а, овојпат испробајте го и овој рецепт за бело месо во кремаст сос, нема да се покаете.

За овој рецепт ќе ви биде потребен и морков речиси во иста количина колку и месото. Ќе добиете вкусно и сочно јадење, а месото е толку меко што буквално се топи во уста. Можете да го послужите со компир пире, ориз, тестенини или некој зеленчук. Еве што ви е потребно според рецептот на Ивана:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 г пилешко филе, 600 г морков, 1 главица кромид, 2 чешниња лук, приближно 700 мл булјон (може и коцка супа растворена во вода), 1 ловоров лист, магдонос, 2-3 супени лажици маслиново масло, 250 мл неутрална течна павлака за готвење

ПОСТАПКА: Пилешкото месо измијте го со ладна вода, исцедете го и избришете го со хартиена салветка. Потоа исечете го на тенки ленти (како за прсти) или на коцкички, по желба. Посолете го, запиперете го и тргнете го настрана да ги впие зачините додека го подготвувате зеленчукот.

Морковите исчистете ги и исечкјате ги на тркалца. Кромидот и лукчето ситно исечкјате ги. Во нелеплива тава загрејте три лажици маслиново или обично масло за готвење на умерена температура, па во еден слој наредете го пилешкото месо.

Месото пржете го кратко од двете страни само колку да побели и да почне да фаќа румена боичка на аглите. Не го пржете подолго време затоа што ќе стврдне, и не го ставајте целото одеднаш, туку пржете го дел по дел, зошто нема да може да се запржи убаво (да му се затворат порите) и да биде меко и сочно.

Прженото месо извадете го во некоја чинија, а во истото масло додајте го сечканиот кромид и лук и по потреба додајте уште малку масло. Кога ќе омекне зеленчукот додајте го исечканиот морков и промешајте.

Ако немате готов булјон, настрана сварете 500-700 мл вода и додајте една коцка за супа. Додајте го булјонот, најпрво само 500 мл, а постепено како што испарува, додавајте уште по малку течност. Јас ставив вкупно 700 мл. Гответе додека да омекне морковот.

Потоа додајте ја течната павлака, посолете и запиперете по вкус, додајте малку кари, сечкан магдонос и сосем малку лимон за вкус, вратете го месото и продолжете со готвење уште 10-тина минути за да се помешаат вкусовите. Деталите погледнете ги ОВДЕ.