ПИКАНТНИ ПИПЕРКИ ВО СЕНФ: одличен сос и намаз за месо, деликатес од тегла. Рецепт од каналот Мој Агол. Овој намаз го правам веќе со години, а најмногу го користиме за маринада на месо.
Има богат вкус кој го добива од сенфот, искомбиниран со пикантниот вкус на пиперките.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2,5 кг црвени лути пиперки (најдобро рог пиперки), 300 г сенф, 120 мл маслиново масло.
Други потребни состојки за пресол: 2 литри вода, 150 мл ал-кохолен оцет (9%), 7 чешниња лук, 5 г црн пипер во зрна, 4 ловорови лисја, 2 лажици шеќер, 1 лажичка сол. Овие состојки се ставаат да зовријат па во нив се додаваат пиперките.
ПОСТАПКА: Пиперките се мијат и се оставаат да се исушат, па се чистат од дршката и срцевината и се сечат на долгнавести ленти.
Потоа во поголемо тенџере се додава водата, шеќерот, солта, ал-кохолниот оцет, 4 ловорови лисја, 7 чешниња лук и црн пипер во зрна.
Пиперки во сенф за зимница – превкусна салата со кромид, лук, магдонос…
Водата се става да зоврие, а во меѓувреме пастеризирајте ги теглите за складирање на пиперките. Секогаш користете чисти тегли со здрав капак. Во зовриената вода се додаваат сечканите пиперки.
Во зовриената вода, пиперките се оставаат да се варат 10 минути. По варењето, пиперките добро се цедат од водата и се префрлаат во друг сад или плех за добро да се оладат.
Од нив извадете го црниот пипер и ловоровиот лист колку што можете повеќе. По ладењето пиперките се префрлаат во длабок сад, па со рачен миксер или блендер се прави паста.
Сенфот и маслиновото масло добро се соединуваат додека да се добие компактна смеса, па се додава во пастата од пикантни пиперки. 2 – 3 лажички сенф се зачувуваат за крај.
Во стерилизираните тегли се додава намазот, а кога ќе исполните до врв, одозгора додајте по малку од преостанатата количина сенф. Од оваа количина се добиваат 6 средни тегли намаз.
Намазот се чува на темно и суво и место, доколку ги чувате за зимница, а при отворање на теглата, потребно е да се чува во фрижидер. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.
Ви предлагаме уште еден сличен рецепт за пиперки во сенф, но ова го правам повеќе како салата. Пиперки во сенф за зимница – превкусна салата со кромид, лук, магдонос… Фото и рецепт: Снежанка Жанче.
Јас правев поголема количина од 30 кг пиперки, но ќе ви го напишам рецептот за помала количина со ајварски црвени пиперки, но убаво е ако има и по некоја жолта или зелена пиперка.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 7 кг пиперки, 4 кг кромид, а може и 5 кг, 3-4 главици лук, магдонос по желба. ЗА ПРЕСОЛ (СЕ СТАВААТ СИТЕ СОСТОЈКИ ДА ЗОВРИЈАТ): 4 литри вода, 1 ½ литар оцет, 2 лажици шеќер, 1 лажица сол.
ПОСТАПКА: Пиперките се чистат од семето, се сечат долгнавесто. Кромидот се сече на кругови подебели и лукот се сече на покрупно.
Пресолот се става да зоврие, па се ставаат пиперките со кромидот и лукот и така наизменично, да врие околу 5-6 минути. Се вади со цедалка, па се оставаат да се цедат до следниот ден.
Следниот ден ги ставате во вангла и им додавате сенф една и половина тегла 500 г, маслиново масло, а може и обично, магдонос една китка ама само ливчињата, а за сол пробувате колку ви одговара толку ставате.
Се полнат чисти тегли, па се ставаатво рерна на 100 степени само 5 минути. Ги ставате во плех во рерна и тогаш вклучувате, само колку да се затворат добро капаците. Ако ги оставите подолго во рерна ќе се растопи сенфот.