Пикантна зимница: Вкусен прилог со секое јадење!

Лутеницата е совршен додаток на секое јадење. Љубителите на зачинетата храна ќе ја обожуваат. Овој рецепт е многу лесно и бро се приготвува.

Потребни состојки:

4 кг домати
4 поголеми модри патлиџани
20 црвени пиперки
20 лути пиперки
8 главици кромид
1 главица лук
4 лажици сол
2 лажици шеќер
1 лажичка црн пипер во прав
10 китки магдонос

Постапка:

Најпрво пригответе го заленчукот. Модриот патлиџан излупете го, исечете го на коцки и прелијте го со ладна вода. Вака нека отстои 30 минути.

Loading...

Црвените пиперки исчистете ги од семки, испечете ги, а кога ќе изладат излупете ги и исечкајте ги ситно, на коцкички. Доматите излупете ги и сомелете ги во блендер.

Кога зеленчукот е приготвен, загрејте масло во поголем сад во кој ќе ја приготвувате зимницата, па додадете го сечениот кромид. Кога ќе се пропржи, извадете го во посебен сад.

Во истото масло додадете ги исечените лути пиперки и неколку чешниња лук. Кога и тоа е готово, извадете во посебен сад. Потоа додадете го исцедениот модар патлиџан кој се пржи додека да омекне, а потоа и него извадете го во посебен сад.

На крај додадете ги мелените домати и варте ги додека да згуснат. Потоа додадете ги сите претходно пропржени состојки. Зачинете со сол и шеќер, мелен црн пипер и сечкан магдонос.

Оставете кратко на рингла да проврие заедно со сите состојки околу 10-тина минути. Готовата зимница складирајте ја во суви тегли и затворете со метални капаци.

Loading...